Скоро на сите им е позната тонер-трансфер методата за правење на печатени плочки. Доколку некој не знае, процедурата се состои од печатење на ласерски печатач на изгледот на печатената плочка на посебна хартија (за графоскоп, сјајна хартија од некое списание или мрсна хартија за печење) и потоа печатената страна на оваа хартија со помош на топлина се пренесува на чиста плочка со бакар. Најчесто за оваа критична фаза во припремата се користеше рамна пегла и со неа се пеглаше хартијата на плочката. Проблемот е што со пеглата најчесто се добиваа доста лоши резултати и мораше да се повторува постапката неколку пати дури трансферот да излезе комплетен.
Алтернативно решение со кое се добиваат многу подобри резултати е со користење на модифициран ламинатор за документи. Овде ќе биде опишана процедурата на модификација на еден кај нас достапен ламинатор и со користење на делови кои ги има кај нас.
Ламинаторот кој го купив е: Fellowes lunar A4. Можеби не беше евтин но битно беше да биде механички здрав за да може да издржи вметнувања на печатена плочка.
Модификацијата се состои од две работи. Првата и поедноставна работа е да се промени термостатот од 160 степени и да се стави термостат од 180 степени. Моделот на термостат што е внатре е KSD301, го има и кај нас и изгледа вака:
Втората модификација е да се успори движењето на моторот бидејќи за добар трансфер на тонерот плочката треба да помине многу бавно, т.е. да поминува неколку минути наместо неколку секунди.
За таа цел треба да се направи склоп кој го вклучува моторот многу кратко на секоја секунда со што се прави значително намалување на брзината на ролерите.
Шемата на овој склоп е следна:
Изработениот уред изгледа вака:
Со поставување на тримерите на средина се добива еден краток импулс секоја секунда со што плочката поминува три до четири минути.
Уредот се поставува на едната од жиците на моторот.
Бидејќи јас сакав да можам уредот да го користам и како ламинатор и како тонер трансфер уред ставив два прекинувачи кои едниот во вклучува термостатот од 160 степени (фабричкиот) или 180 степени (новиот) а другиот го премостува уредот за давање на импулси на моторот со што работи со полна брзина. Мојата модификација изгледа вака: