Проблемот е предизвикан од куса врска на едниот излез од засилувачов .
Го отворив ,двата осигурувачи беа прегорени од 3А и 6А.
Излезните транзистори (парот) 2sa1265 и 2sc3182 беа во куса врска помеѓу база ,емитер,колектор (на сликата најлевиот пар)
Вкупно има 4 парови од овие излезни транзистори,сите останати беа ок.
Ја проверив целата плоча наоколу сите мали транзисторчиња и диоди,грецовиот спој, ги испитав и не налетав на нешто друго прегорено.
Реков само излезите прегореле сигурно,денес си купив нови два транзистори од горе споменатите ги сменив ,го вклучив и ништо не се случуваше.
Пробав да го измерам напонот на грец-от но не покажа никаков напон.
Релето го одлемив и испитав исто така беше ок.
Го проверив и напојувањето на интегралното коло mn1421sta и измерив 4.7v што значи дека и напонскиот регулатор 7805 е во ред.
Во меѓу време додека пробував вклучи исклучи,приметив дека осигурувачот од 3А прегорел.
И истиот проблем излезните транзистори пак во куса врска ,а предходно на првите вклучувања ги проверив уште еднаш така залемени беа ок...но повторно прегореле .Значи нешто друго го предизвикува тоа ?
Во прилог е service manual-oт.
Во која насока да го барам проблемот,секаков совет ќе ми биде од корист....
https://www.scribd.com/doc/262196499/Technics-Su-v7x