албафон е дефинитивно легален оператор, пошто има развиено мрежа, а за тоа дали нелегалниот се појавувал како четврти во network search ---> network selection, дефинитивно не. Принципот на работа (на нелегалниот) мислам дека се одвивал во правец на пресретнување на сигнал од легалните оператори, негова кражба, влегување во нивните мрежи менување на регистрираните позиви и префрлање пари на други сметки, чисто хакерство. А дали исис има удел, ништо не е исклучено човек може да се сомнева во се и сешто, но дај боже да нема. Мене ми е сомнително следново, како може таква опрема да поседува некој си поединец „анонимус“, како е можно да се внесе опремата без никој да знае, сепак не е тоа мобилен телефон па ќе го ставиш во џеб и никој не те гледа го внесуваш преку граница. Работел некое време без никој да знае!!!??? Заработил многу пари!!?? Како полицијата баш сега го откри, откако телеком најави своја истрага за прислушувањето!!?? Можеби телеком е најоштетен, или се зголемуваат сметките на граѓаните па ај да видиме што се дешава!!?? Све е чудно, но едно е јасно дечкото бил мозок и секако има заработено милиони а и така се зборува.
Споено мислење: 24.03.2015, Tuesday, 01:12:44
Истрагата ќе покаже, сега за сега можеме само да мислиме на се и сешто и да шпекулираме.