@batka
Бидејќи не се разбирам баш најдобро во антивируси, не знам баш како да одговорам на ова. Според некои ранг листи е прв Vipre, според некои последен. Јас користам лаптоп (нетбук) MSI Wind U100, кој е скоро 8 години стар. Засега можеби најдобриот компјутер што сум го имал. Велам најдобар, бидејќи во овие скоро 8 години добро ме служи и никогаш не ми се расипал. Има интел атом процесор. Бит дифендер е можеби најдобар антивирус, но ваква мала машина нема шанси да го поддржи. Бит дифрндерот е добар ако имаш појак процесор и и едно добри 4гб рам, нешто што овој компјутер нема шанси да му даде.
Во овие скоро 8 години е 4 пати форматиран, а 3 години немаше гајле кога на него имаше инсталирано Vipre антивирус, но колку што паметам го деинсталирав и пробав некој друг антивирус (не знам точно кој, но не беше некој познат) и по неколку месеци тој антивирус пропуште се и сешто. По форматирањето ставив аваст кој до вчера го користев, пред повторно да го инсталирам Vipre, но сега најновата верзија. Од Vipre бев најзадоволен и едно добри три години компјутерот си работеше како нов. Како што спомнав не ги забавува перформансите на компјутерот, добар е и за јаки но и за послаби процесори.