Имаш ли технички карактеристики за тастатурата? Колку струја троши? Можеби твојот компјутер не може да даде доволно струја за тастатурата. Пробај да го стартуваш компјутерот со изгаснато светло на тастатурата.
Пробај ја тастатурата на друг компјутер, дали ќе го има истиот проблем. Ако работи, значи проблемот е во твојот компјутер, ако не работи, тогаш тастатурата не исполнува некои стандари.