Ok ....
Пин 1 и пин 8 се кусо врзани секогаш кај овие лампи (слично е и кај ел84 само што тоа е интерно направено). Инаку, пин 8 е катодата и таа треба да е на некој напон.
Чим нема напон на пин 8, провери дали е врзан на маса и, исто така, провери дали лампите (по парови) се поврзани една со друга преку пиновите 8. Јас мислам дека сепак треба да има некој отпорник од пин 8 према маса.
Тоа што нема напон на пин 4 ... ми е чудно. Ова е грид 2 и тој треба да е на приближно ист потенцијал како и анодата (пин 3).
Дури и да е во триода мод, тогаш пин 4 преку отпорник (небајпасиран) се поврзува со анодата....
Извади го парот лампи, намести ги клемите за мерење на пин4 и маса и пушти го појачалото да работи. Доволни се 2-3 секунди колку да видиш дали без лампи ќе има напон на грид2.
Ако повторно нема ... ќе треба да ги провериш излезните трансформатори. Можно е да не е ултра линеар пуш пул, па напонот на грид 2 да го зема од Б+ (средниот извод од примарот на излезниот трансформатор) преку некои отпорници. Прати ја врската од пин 4 па се до излезен трансформатор и пиши што се има измеѓу.
Е сега, тоа што има еднонасочен напон на пин 5 (грид 1 или влезот на лампата) е лошо. Затоа тука има некоиПИО, БЛОК, МКП кондензатор, за да направи одвојување на наизменичниот сигнал од еднонасочниот на претходната лама, а треба да има само наизменичен сигнал.
Доколку имаш некои блок кондензатори (по можност МКП 100nF 630V, можно е да се 220nF или 330nF) слободно смени ги ... мене ми личи дека се куса врска.
Споено мислење: [time]15 Јули 2014, 07:56:59[/time]
Не те предупредив:
Работиш со многу висок еднонасочен напон, а струи од редот на големина од повеќе десетици мили ампери до стотина.
Затоа внимавај!!!!
Споено мислење: 16.07.2014, Wednesday, 13:32:45
Доколку сакаш, можам да го проверам.
Во Скопје сум во петок, така што ... за викенд ќе се најде време уз пивце.