Незнам за тебе, но јас од првите телефони да NOKIA, до поновиве модели, немам сретнато НИТУ една грешка...
За разлика од порано, новиве simple модели имаат огромни проблеми, од мрежа до софтвер... катастрофа се. Мислам дека последни добри simple модели беа 12XX серијата од 2007, 2008.
За поскапите модели, со камери, browsers, тинтири минитири, не знам, никогаш не сум користел таков, така да, не можам да кажам, но затоа, како сопственик на Nokia 100, можам со сигурност да кажам дека телефонот е катастрофа, како од хардверски, така и од софтверски аспект. А и не сум единствен кој има проблеми со овој телефон, и од други сопственици ја имам чуено истата работа, паѓа мрежа сред разговор, софтверот ненадејно се закочува и мораш батерија да извадиш, кога ќе му текне ѕвони аларм и reminder, некогаш и по три пати и тоа во некое random време (не кога е наместен да ѕвони), некогаш нема ни да заѕвони. Три пати на сервис го имам однесено и не го средија. Очигледно е дека софтверски е многу лошо решен. Едноставно, тоа е тоа, лошо е дизајниран.
Сакав само да искоментирам за ова, инаку, за конретната проблематика со Alcatel OT-813F немам што да додадам.