инаку имаат отпор од околу 1 ом, жицата што ќе проверуваш мора да биде над 4мм^2. Кога ќе го заштрафуваш стегни го прво со рака, а потоа 15-20 степени со клуч, не го престегувај, и со рака да го стегнеш нема да "дува". Исто пази спојката со жицата за струја не ја престегнувај, ептен лагано стегнија, немој да напинаш ни кога одвртуваш ни кога штафиш. Глицеринот изгледа мн поефикасен од веде, само е порозен, така да гледај да не ти капне на гума или на фарбано(боја). Ако заглавиш со одштрафување освен глицерин може да користиш едни спрејчиња има што ладат(смрзнуваат), но моторот треба да биде ладен(од сабајле на пример), Додуша кај мене на голфот многу лесно ги одштрафив греачите. Пошо имам гледано, некои шлапаат лепаци, силикони или незнам ти што(као демек повеќе да дихта, што е чиста глупост), немој ни на крај памет да ти текне таква работа. Можеш лежиштата да ги исчистиш со крпче и нафта(извади од повратната) но само ако има потреба, во спротивно само заштрафи нов греач и тоа е тоа.