Ај тогаш ти подучи ме како да мерам максимална јачина која што ја дава трафото на излез?
Да не испадне дека само те критикуваме...
Прво, максималната (трајна) струја не можеш да ја измериш дирекно... Односно неможеш без да го изгориш или оштетиш трафото. Таа се мери индирекно, преку физичките карактеристики на трафото.
Во кратки црти, прво го мериш напонот.. Тоа веќе си го направил. Потоа, ја одредуваш максималната моќност која може да ја даде трафото, односно да ја пренесе од примар на секундар. Тоа се прави со мерење на големината на јадрото, односно ако се работи за EI лимови, се мери напречниот пресек на средниот столб и се пресметува моќноста.. има формули побарај по интернет сега да не одам во детали..
И на крај кога ти се познати напонот и моќноста, лесно ќе ја одредиш струјата.
Исто така провери ја и дебелината (пресекот) на секундарната намотка. Со тоа можеш да одредиш максимална струја на намотката. (која може и да е помала од онаа на јадрото) но не може да е поголема