Ај прво добредојде на форумов имај убав престој
во иднина би те замолил да пишуваш со македонска кирилична подршка
( ако не можеш би било добро да наведеш во пораката )
сега нека остане како што е
Шеми за појачала за во кола има еден тон , мој предлог би било да си направиш со TDA
еве една шема за засилувач кој работи на 12V би требало да биди 70W, ама во пракса ќе добиеш до 40W
шема тука
http://rapidshare.com/files/230168010/70W_12V_amp.pdf
Види сега. За во кола вреди: Тоа коло е да, околу 40тина вати континуирано и може само во пикови да дава 70 вати ама ако земеш дека тоа коло само генерира висок напон и дава 40тина вати а другите кола кои се напојуваат директно од 12волти како него даваат само околу 20 вати мислам дека колото е повеќе од супер за почетници и оние кои сакат да прават едноставно појачало за во кола кое ќе биде едноставно и евтино а ќе свири погласно од постоечките радија за во кола. За дома вакво појачало не правете бидејќи има подобри и поквалитетни кола бидејќи напонот на напојување во домашни услови не е проблем (ке си купите трансформатор каков што ви треба). Едино може да го искористите ако го користите ова коло со напојување од компјутер (12V).
ако сакаш нешто поквалитетно, по јако од ова направи си со TDA 7295 можеш да стигнеш до 80W или пак нешто подобар со TDA 7294.