На monitor.net.ru пишува дека LTA809 е всушност TSM103 и пишува дека е двоен операциски засилувач со voltage reference, ама според врзувањево на шемава од Toma и datasheet-от од TSM103, не ми изгледа како да е операциски засилувач LTA809.
Потоа, во истата тема пишува дека е направена грешка и дека LTA809 е всушност SG6741 и врз база на шемата и datasheet-от за SG6741, веќе е по логично ова да е колото
.
Од тоа што разгледав во datasheet-от, малку е тешко да се направи test circuit за ова коло. Но, можно е да установиме дали воопшто проблемот е во него или не.
Прво, извади го колото од плочката и види дали пак ќе трепка LED диодата. Ако не трепка, значи дека ова коло било одговорно за повремено switch-ување на MOSFET-от. Потоа, провери ги R103 и RT100. На шемата не се означени, така да, освен ако нема ознаки на самите компоненти, не знам која вредност би ја имале. Во datasheet-от пишува дека со 26K отпорник према маса, се добива PWM сигнал со фреквеција од околу 65KHz. Значи, врз база на овие информации, вкупната отпорност на R103 и RT100 би требала да биде поголема од 26K (најчесто, овие switching напојувања работат на фреквенции од 100KHz па нагоре, така да, најверојатно вкупната вредност им е поголема од 26K).
Провери го и оптокаплерот и C102 и C103. Всушност, најдобро е ако прво него го провериш. Не е лошо да ги провериш и C054 и C054-1, можно е да се во краток спој. Провери ја и D151 и R151.