Ајде сега, доста кудите
, да видиме што ќе направи dare532, бидејќи, јас барем колку што знам, многу членови побарале вакви преправки и во секоја тема со ваква преправка (без разлика дали е системче или авто-радио или нешто трето), секогаш имам post-ирано, но, колку што знам, никој не се нафатил до крај да ја истера работата.
Кажи ми сеа што кабел е тој ели стави некоја слика да го зирнам, со онаков ќе имам загуби нешто ели
Тоа е стандарден оклопен кабел. Може да биде стерео, може да биде моно, со тоа што ако е моно, ќе ти требаат два и ќе треба да им ги врзеш ширмовите (масите). Еве, на сликиве долу е прикажан еден моно и еден стерео оклопен кабел.
Можеш да искористиш и стерео кабел од CD/DVD-ROM. Тоа се оние тенкине сиви кабелчиња што на времето ги ставаа во PC-иња за да го врзат CD In влезот од аудио картичката со Audio Out излезот од CD/DVD-ROM. Сега веќе не се користат бидејќи и онака веќе скоро целото декодирање на сигналот се прави софверски и не е преголемо оптеретување за PC-то.
PS: Инаку, да, Toma е во право. Не цитирај цели post-ови, не е прегледно. Ти ги корегирам, ама не го прави тоа во иднина. Ако post-ираш веднаш зад post-от на член и твојот следен post се однесува токму на тој post (претходниот), нема потреба од цитирање
.