Како тоа „цркна“. Не ја детектира лаптопот, не ја полни, ја полни, ама не кажува колку е полна?
Врз база на ова што го имаш наведено (наеднаш „цркнала“), ми изгледа како контролерот во батеријата да е зезнат. Нека проба сопственикот со друга иста батерија. Ако и таа не ја чита лаптопот, проблемот е во лаптопот, ако ја чита, проблемот е во батеријата. Најверојатно ќе треба да се смени контролерот.
Отвори ја батеријата и на секоја од келиите мери им напон. Ако е во граници на нормала (од 3.3 до 3.7 или 3.8V на секоја од келиите), сомнежот паѓа на контролерот.