BIOS-от на лаптопите не се ресетира со вадење на батеријата како на обично PC. Можеби на некои постари модели, до кај 2001, 2002, 2003-та година, да, ама не и на поновите модели. Ќе се ресетира само времето, ништо друго.
Би ти препорачал да го расклопиш пак и сите компоненти да ги извадиш, па пак да ги ставиш, но не сите, само оние компоненти без кои не може да се подигне лаптопот (CPU, RAM, тастаура и маус). Ако има два DIMM-а, само еден од нив стави. Значи, не ја ставај Wi-Fi картицата и другите периферии (ако ги има). Во некои случаи, не мора да биде маусот поврзан, а во некои случаи не мора ни тастатурата (зависи од модел и производител). Пробај со и без да се приклучени. Остави го расклопен и види дали ќе сака да POST-ира. Ако не POST-ира, смени го слотот на DIMM-от, а пробај и со другиот DIMM (ако воопшто има друг). Пробај вака и пиши што си направил
.