Пред да го сменам биосот пробав со оригиналните драјвери од страната на asrock истото ми го правеше.
сата диск воопшто не покажува, покажува сата двд но не и сата диск, пробав со 3 различни сата дискови.
Во упатството за плочата пишува дека нетреба ништо да се прави за да може сата диск да се користи, за да се користи како бутабилен диск треба драјвери за сата, ги инсталирав и со стариот и со новиот биос и пак исто.
Во биосот има само опција да бутира од сата/раид, друга опција за сата немаше ни во стариот биос ни сега во новиот.
Кога го вклучив компјутерот со иде диск во device manager кога има сата диск, за сата раид вади извичник а кога ставам сата двд покажува дека е се во ред.
На подигањето ги пишува сата 1 и сата 2 но не наоѓа диск на нив