Да ти кажам право не сум преправал драјвери... Не знам ни какао оди тоа.. Ако знаеш, не е лошо да напишиш некој туториал.. Сега пробува со ВМ, ама ме зеза нешто бутот... Прво тоа ќе пробам, па после да препишам драјвери или да го отворам да видам што чип користи.
Туториал за тоа нема да врши работа ако не го знаете Windows Driver API-то, а тоа се разликува од верзија до верзија на Windows (minor верзиите имаат скоро исто API, major верзиите имаат сосема различно, на пример, Windows XP се води како Win Ver 5.1 и има скоро исто Driver API како и Windows Server 2003, кој се води како Win Ver 5.2, major version number имаат ист, па затоа и имаат скоро исто Driver API, ама minor version number им се разликува, едниот е .1, а другиот е .2
). Има и IDE-иња со интегрирани Windows Driver API команди, ама не сум користел некој од нив. Има некои „основни хакови“ кои се многу често користени
. Во конкретниов случај, тоа нема да функционира, треба да се смени синтаксата на inf фајловите од драјверите за да фаќа драјверот на Windows 7. Што точно треба да се смени, не знам, немам модифицирано драјвери за да фаќаат под Windows 7, само од WinNT на WinXP или од Win2000 на WinXP (не секој драјвер од Win2000 се фаќа на WinXP, некогаш потребно е да се модифицира драјверот
). Најчесто, разликите се во начинот на дефинирање на класата на device и синтаксата која се користи за тоа
. Ова зборувам за модифицирање на драјвер од x86 оперативен систем на x86 оперативен систем. Модификација од x86 на x64 нема да функционира поради различните библиотеки (освен ако ги немате библиотеките од x64 верзијата за, на пример, Vista), едните се компајлирани за x86 оперативен, другите за x64. Зависи од device class, ама повеќето не работат... освен ако не користат определени generic библиотеки од оперативниот систем, тогаш да, може да функционираат
.
Најчест „хак“ (ова е ептен просто
) е „CHICAGO хакот“
(јас вака си го викам
). Во конфигурационите inf фајлови, (порано) често беше наведено и за која верзија на оперативен систем е наменет драјверот
. Ако место верзијата на оперативниот систем, напишете "CHICAGO" (со $ на почетокот и на крајот, без quotes... а може да беше и со quotes, не ми текнува
... ќе си пробате
), оперативниот систем нема да го „одбие“ дајверот, под услов синтаксата на конфигурациониот inf фајл да е иста со онаа која ја бара оперативниот систем
. Како и да е, ова е многу просто и најчесто не функционира во денешно време бидејќи денес, скоро сите дрјвери се version signed како "CHICAGO", така да, самиот оперативен систем одредува дали синтаксата му одговара или не, ако не му одговара, не го инсталира драјверот, ако му одговара, го инсталира. Библиотеките се сосема друг проблем, тоа е веќе покомпицирана модификација. Бара познавање и од други работи. Нема да навлегувам во тоа. Само ќе напоменам дека многу често нема потреба од пишување на нови библиотеки, ако ги имате библиотеките за некоја друга верзија на оперативниот систем (на пример, ги имате библиотеките за Windows Vista x64, која има ист major version number како и Windows 7 x64, само треба да е „погодено“ дали станува збор за x86 или x64).
Ти види кој контролер го користи, сликај го ако можеш, па дај ќе побараме нешто, можеби ќе најдеме нешто online, па нема да ти треба да модифицираш драјвери
.