Како што кажува насловот, купувам desktop конфигурација. Во принцип, ми треба office машина. Ќе наведам што ми треба да има и нема конфигурацијата.
1. Матичната плоча треба да има Intel-ова on-board графичка картичка, еден PCI Express 16X слот на матичната плоча (за надградба по желба), LPT и RS-232 порти, IDE слот, како и барем еден обичен PCI слот. Пожелно е плочата да биде micro ATX.
2. Исклучиво Intel-ов процесор, се што е од 2 јадра па нагоре е прифатливо (околу тактот на работа, може да се дискутира).
3. 2GB RAM DDR2 или DDR3, не ми треба ни помалку ни повеќе од тоа.
4. HDD-то треба да биде SATA со големина од 160GB па нагоре (не мора да е преголем, на пример, доволно би било и до кај 250GB HDD, што не значи дека не би прифатил и повеќе или помалку, во зависност од останатите спецификации).
5. Нема никаква потреба од било каков оптички уред (CD/DVD-ROM, режач...).
6. Нема никаква потреба од било каков екран/монитор.
7. Куќиштето може да биде буквално било какво (да не биде ептен излупано, но може да биде далеку од сочувано).
8. Напојувањето може да биде било какво.
Понудите може да ги доставувате во темава, но и на PM, како сакате
.