Здраво дечки!
VISATON e ViSATON!!?
држи цена и квалитет!
Долу се дадени комплет звучниците (бас и високотонец) за проектот ТL-кутија со вистинска свртница за нив!!
Свртницата е со резна фреквенција од 3500Hz со стрмнина од 12dB !
Должината на тунелот од ТL-кутијата е околу 192cm, предна плоча со ширина од 20cm, со отвор за басот од 150mm. Пресекот на горниот дел од тунелот 160cm2 (Оваа површина се добива кога ефективната површина на мембраната од басот Sd ќе се зголеми за okолу 20...25%, а ефективната површина за овој бас
W170S 4OHM - Visaton во дадениов случај е Sd=129cm2). Односoт на почетен и краен пресек нa тунелот е 1,25:1 - според
Rogers Значи од овој однос произлегува пресекот на крајот на тунелот треба да биде 128cm2 !!
Кутијата треба убаво подеднакво да се издампира со вештачка волна ЛИО!! Тоа се прави експериментално се додека не се добие најдлабок бас!!?
Ajде поздрав,....
Споено мислење: [time]16 Јуни 2011, 11:11:01[/time]
Другари !!!
Должината на тунелот од ТL - кутијата се пресметува според формулата:
L= 6900/fs вo [cm]
Каде што: L - е должина на тунелот од ТL-кутијата во cm!!
fs - резонантна фреквенција на бас звучникот во Hz
.
Оаа формула за должината важи ако тунелот од кутијата се дампира со вештача волна т.н. "ЛИО"!!?
, за природна волна (најдобро решение!!) или друг абсорбционен материјали на звук има друга формула,....ајде да не мешаме баби и жаби!!???
Да кажам на крај со два збора!!!
Ова вака изложено за правилно проектирање на ТL-кутија го нема на никој форум низ ЦЕЛ СВЕТ!!!!
Прашувам: Кој продава денеска наука зa џабе!!???
Поздрав,....
П.С.
Прашувам: Младинци и окорелци борци дали ја свативте темава за правилно проектирање на ТL-звучник??!!