Биејќи не е некој Hi-End плеер (или барем Hi-Fi), јас барем мислам дека само трошење на време е, барем за мене :S. Да имаше некој поквалитетен D/A конвертор на излез од PIC-от, да би го правел, но бидејќи нема, не, не би го правел :S.
Имам идеја за нешто слично, но сеуште немам доволно големо познавање од програмирањето на микроконтролерите за да можам да го направам. Мене идејата ми беше да има USB порт и да може да се стави било каква flash меморија, да има квалитетен Burr Brown D/A конвертор (како PCM1798 или PCM1789, искрено, моментално не ми текнува на кодот на колото
) и да има поголем LCD дисплеј, не мора да е во боја, доволно е да монохроматски, но да има можност да пушта FLAC, MP3, WV, WAV, итн., што реално гледано, малку тешко ќе се изведе само со меморијата на микроконтролерот, ќе треба и некаков си додатен EEPROМ
. Како и да е, поентата е дека ќе биде нешто како многу квалитетен и многу добар портабилен плеер, но во моментов, не можам да го изведам :S. Така да, останува чисто како идеја за понатаму
.