Author Topic: Направа на Никола Тесла која може да предизвикува земјотреси?  (Read 1308 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)


Земјотресот во Јапонија, Чиле и Кина не се последица на геолошката активност на Земјината кора, туку намерно предизвикани од тајната направа HAARP, која ја поседува американската влада. Со тоа, наводно ги руши непослушните влади и конкурентската економија. Мит, теорија на заговор или факти?
 
И симпатичната двојка на Mythbasters на каналот Discovery, една епизода посветиле на приказната за усовршената Теслина направа која е тешка помалку од три килограми, а може да предизвикува големи потреси.

Никола Тесла тврдел дека измислил направа која за време на првиот експеримент ја прицврстил за железо на голема зграда. Ја вклучил и ја барал фреквенцијата на осцилации која би резонирала со железната структура. По некое време ја пронашол вистинската фреквенција и целата зграда започнала сериозно да се тресе. Набрзо со чекан морал да ја уништи оваа направа за да прекине вистински земјотрес. Станарите веднаш побегнале, а набрзо се појавило полиција и пожарникари.

Mythbasters се обиделе да дознаат дали станува збор за вистина или легенда. По што направиле две слични справи кои не се покажале како функционални, успеале да пронајдат научник кој успеал да направи справа слична како онаа на Тесла. Направата тежела 2,5 килограми и ја испробале на масивен мост. По што конечноја пронашле вистинската фреквенција која резонирала на структурата на мостот, се на мостот започнало да се тресе. Сепак, приказната за HAARP ja отфрлиле бидејќи не предизвикале вистински земјотрес.

Што е HAARP?

А што е HAARP? Програм за активно аурорално истражување високи фреквенции, односно High Frequency Active Auroral Research Program. Според теориите на заговор, таен проект на американската влада и причина поради која денес имаме зачестена појава на тресење на земјата. Мит или не, повеќето веќе сме слушнале за необичниот небесен феномен од кој настануваат земјотресите. Станува збор за воочлива небесна појава која наводно предизвикува електромагнетно пореметување на земјата кое се спушта од јоносферата.

HAARP наводно може да испрати ретка радиоенергија со висока фреквенција во Земјината јоносфера. Огромниот прилив на енергија во јоносферата создава вибрации кои се насочуваат кон земјината површина. Каде и да пристигнат тие вибрации, се создаваат бранови со екстремно ниски фреквенции кои патуваат под Земјината површина. Со помош на оваа метода HAARP може да предизвика земјотрес, а Тесла своевремено тврдел дека доколку сака можел да ја преполови земјината топка на половина.

Mythbusters - Tesla's Earthquake Machine Part 3

Според оваа теорија HAARP може да предизвика и силно невреме, да ја загрее земјата, водата или воздухот односно да ја менува количината на кислород во горните делови на атмосферата. Освен тоа HAARP технологијата, наводно, може да ги исклучи сите електронски уреди во одредено подрачје без да оштети некое живо суштество или да сруши некоја зграда. Заговорниците на оваа теорија силно тврдат дека HAARP е една од најдобро чуваните тајни на светот со која на злобен начин се делува на временските услови и се предизвикуваат земјотреси.

Американска научничка Леурен Морет веќе со години предупредува на различни облици на технологии, вклучувајќи го и HAARP, со чија помош планираат да се намали бројот на жителите на планетата, пред се предизвикувајќи природни катастрофи. Погледнете дел од интервјуто во кое тврди дека со низа потреси во Јапонија намерно се предизвикува нуклеарна катастрофа.

Scientist Leuren Moret - Japan earthquake and nuclear "accident" are tectonic nuclear warfare.m4v

Што американската влада вели за HAARP?

High Frequency Active Auroral Research Program (HAARP) службено е програм за истражување на јоносферата кој е финансиран од американското воздухопловство, морнарицата и Универзитетот во Аљаска односно агенција под името Defense Advanced Research Projects Agency (DARPA). Целта на оваа програма е да се анализира јоносферата и да се истражи потенцијалот за развој на технологија која би можела да управува со неа. Оваа технологија делува од истражувачката станица HAARP, која е во сопственост на американското воздухопловство во близина на Гакона на Аљаска. Според нив теориите се фантазии од детските соништа.





Извор:точка
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
HAARP може да предизвикува и многу други (корисни) работи освен земјотреси ;), човекот бил гение, какви идеи имал, светлосни години пред било кој научник... штета што никој не го разбирал како што треба и голем дел од неговите проекти се искористени само во воени цели... што не му била целта :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Со џебен резонатор за 5 минути почнала да се тресе цела зграда, џамовите почнале да пукаат. За да спечи поголеми штети го измавал со чекич, значи треба да му бидеме благодарни на тој што го излислил чекичот :)
Да, инаку тоа му се случувало на Коле секрчето(Никола Тесла), а замислете со поголем резонатор што можел.