А колку пари е тој феритхлоридот и дали може да се најде кај нас???
Друже, за феритхлорид немам поима дали може да се најде кај нас, немам побарано никаде.
Но ако го следиш видеото би ти препорачал место феритхлорид да ја икскористиш мешавината со солна киселина која е 30-тина денари литар во било која продавница (жолто шише) - 200 милилитри, потоа ќе ставиш 30 милилитри 30 процентен хидроген (мислам дека беше 50-60 денари) исто од продавница и ќе ја ставиш плочката.
Инаку гледај да не ја правиш во затворен простор пошо излегуваат токсични гасови, најдобро е надвор на отворен простор.
Инаку во оригиналниот состав влегуваат и 700 милилитри вода, но јас немам пробано со вода, па оставам на тебе ако сакаш да експериментираш со нејзе, ако ставаш почни со помалку милилитри некаде околу 200 па ако треба повеќе дотурај.
На крај кога ќе завршиш може да ја складираш во тегла или шише смесата, која ќе биде зелена кога ќе се изеде целата плочка, бидејќи може да се употреби уште неколку пати.