Author Topic: Напојување со струјна и напонска регулација со LM723  (Read 1480 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Напојување со струјна и напонска регулација со LM723
« Opened on 27.02.2012, Monday, 22:25:08 (Edited 27.02.2012, Monday, 22:35:59) »
Прво пред се да напоменам дека напојувањево е сеуште во тест фаза, струјната регулација работи исто како и напонската, на тест плочата фалат некој измени кој на шемата ги има, ама тоа се надевам дека за брзо ќе го средам.


Пред некое време направив едно напојување од интернет кое беше со струјно напонска регулација од 0-30V и 0-3A, мислам дека истото беше обработано и во емитер, после неколку неуспешни обиди (подоцна го поправив) да го оспособам за работа напојувањето зедов направив просто со LM723, но за жал шемите кој се наоѓаат на интернет не ги користат сите можности кој ги нуди ова коло, поточно, најчесто со ова коло се прават напонски регулатори, како такво најмногу се сретнува на интернет, напонски регулатор од 3V па нагоре, според даташитот ова коло може да работи до напон од 40V (максимален напон) со што има регулација од 2V до 37V, ама практично тоа не е случајот, ова коло во практична изведба дава напони од 3V најчесто до 30V, но тоа е поради што има можност да ако се приклучи поголем напон ова коло би се оштетило, (но за хоби работа 30V се повеќе од доволни,јас најчесто работам со напони од 3V 5V 12V и многу ретко 24V, се друго е плус :)). Како такво напојувањето кое би имало регулација од 3V па нагоре не секогаш е потребно, поточно во одредени случаеви потребен е напон помал од 3V.

За да би се регулирал напонот од 0 па нагоре, додадени се неколку елементи кој создаваат „виртуелно“ напојување кое е за неколку волти пониско од 0, односно интегралното не се напојува од заедничкиот - од напојувањето, него од додатно напојување кое создава малку поголема потенцијална разлика, со тоа се добива да она нивото од 3V се намали на некој по пристоен напон за работа :)

Како што спомнав претходно, ова коло во својата градба содржи и дел кој се користи за контрола на струјата, на отпорникот од 0R15 се создава некој пад на напонот во зависност од тоа колкава е струјата која ја влечи потрошувачот, ова се мери и се реагира врз напонот, регулацијата е изведена со потенциометар со кој се подесува нивото на струја која треба да се добие на излез.
Додадов и еден транзистор лед диода и 2 отпорници кој би служеле како индикатор кога ќе повлече повеќе струја склопот од дозволенот да свети диодата, ама тој дел сеуште ми е „матен“ незнам како ќе работи, треба практично да испробам.

И најважно од СЕ
Овај дизајн на напојувањето е во сопственост на Македонски Форум за Електроника, забрането е какво било него изнесување надвор од форумот, производство за продажба, објавување во списанија, блогови и останати форуми, без одобрение од администрацијата на форумот!
ова не важи дека не смеете да го изработувате, правете му што сакате, ама ако се обидите да го комерцијализирате мислете му ја!

За брз период се надевам дека ќе ја исцртам и плочата, во атачмент ќе ставам плоча од регулацијата без контрола на струја и без додатните елементи (пишува на плочата што е што).
Па кој сака може и таа да ја изработи, таа е истестирана и работи одлично без никаков проблем, регулацијата е од 3-30V
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одлично Devil, браво само продолжи така ;) :).

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Одлично објаснато и многу добро објасната шема само уште монтажна и ППК.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
се надевам дека за брзо ќе ја исцртам, прво да го испробам да го истестирам, ако треба нешто да изменам и после ќе поставам финално како би требало да изгледа се :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
За транзисторот 2n3055 може да се стави и 2n3773 и мислам дека е појак малку овај,а инаку го имаш ти направено испробано во пракса или на симулација на ком?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
во пракса работи, ама како што спомнав треба да се направат мали измени, темата не  мора да е поставена како важна
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline borce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Јас имам изработено напојување со 723 пред едно 15 или повеќе год. по шема како таја од Емитер но таа во емитер не работи имаше грешка во делот за поларизација на побудниот   PNP транзистор ,грешката ја отклонив и еве работи беспрекорно напонска до 30V струјна регулација  до 7А

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Браво Devil.. сега ке одам да проверам што делови имам па ако ги имам сите делови ке го направам и сакам да прашам дали со потенциометар од 10к можам да го направам?  :)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ако планираш да го ставиш на местото од тој за контрола на напон нема да ти е така фина регулацијата, ама би можело да се користи и тоа без проблем

направи го и види како ќе се покажи како ќе работи
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Одг: Напојување со струјна и напонска регулација со LM723
« Reply #9 on 15.04.2012, Sunday, 21:19:21 (Edited 16.04.2012, Monday, 18:08:09) »
ќе пробам и ке видам.. ако имам некој проблем ке пишам  :)

Споено мислење: 16.04.2012, Monday, 18:08:09
сакам да прашам што трафо ке ми траба за ова напојување?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
100W трафо ќе ти заврши работа, јас би ставил помоќно трафо (250W негде) и би го направил ова два пати со што би добил симетрично напојување :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline gochcommk

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
здраво

дали може да се преправи шемава да биде со регулација 0-5 А  или повеќе ампера

или со додавање на 3 2н3055  може да се постигне тоа

поздрав

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
само со додавање на повеќе транзистори не може, пошто струјбната регулација работи на принцип што го мери падот на напонот кој се создава на отпорникот и така ја контролира, треба да се променат и околни вредности на отпорници, прочитај го даташитот ќе ти стане јасно што зборувам
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!