дали имаш приклучено нешто послабо претходно и тоа работело?
дали ти е исправна бормашината ?
најчесто кинеските инвертори се декларирани за поголеми моќности одошто можат да издржат, незнам каков инвертор имаш ти, но доколку бормашината е исправна, инверторот работел со помал потрошувач, значи не е наменет за таа моќност за која што е деклариран.
Се разбира дека ќе ти требаат подебели жици за поврзување на инверторот со акумулаторот, но тоа пак зависи од што потрошувач имаш и колкава струја тој ќе повлечи. Акумулатор од 45Ah може да се користи, може да се користи и помал, но за пократко време