1 - Trigger. Овој пин се користи за „тригерување“ на NE555. Значи, кога на овој влез ќе му се донесе импулс како на сликата подолу, на излезот од колото се генерира позитивен правоаголен импулс со определено времетраење.
2 - Reset. Овој пин мислам дека се користи за задржување на колото во позицијата во која последна било (пред да биде активиран овој пин), без разлика дали станува збор за позитивен импулс или маса, мада не ме земај за збор, не сум сигурен. Исто така мислам дека активно ниво му е „ниско“, односно дека се ресетира колото кога овој пин е преспоен за маса.
3 - Control Voltage. Овој пин служи за подесување на нивото на разликата на напонот меѓу пиновите 2 и 6 од колото. Пиновите 2 и 6 се за компараторите на напон во колото. Со донесување на различни вредности на напон на пинот 5, ќе се менува и фреквенцијата на префрлување на флип-флопот во интегрираното коло, со што се менува и фреквенцијата на излезните импулси од колото.
EDIT: Заборавов да напоменам дека пиновите 2 и 6 се влезни пинови, значи со нив се врши контрола над фреквенцијата и односот импулс/пауза во колто
.
Се надевам дека ова помогна
.
Ако некаде сум згрешил, слободно корегирајте
.