Шемата што си ја ставил од И-беј е одлична. Моја препорака , земи толку голема плочка , со маркер на горната страна на плочката направи ги основните точки: на потенциометарот , на интегрираното коло , па потоа и на останатите делови со одприлика оддалеченост. Издупчи ги сите со 0,7 мм бургија, потоа исчисти ја да ,,свети'' бакарната страна со жица за садови. На следната слика на И-беј ја има плочката со водови долу на бакарот. Дупчените точки поврзи ги (изцртај ја плочката со маркер) гледајки од таму, потоа стави ја во киселина и 12% ходроген. Сите делови ги имаш на самата слика на И-беј. Ова е лесно , немаш потреба од професионално направена плочка. Јас би можел со леснотија да го направам ова, за неколку часа. Со среќа !