Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: CupeX on 01.09.2012, Saturday, 01:51:24

Title: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 01.09.2012, Saturday, 01:51:24
Здраво на сите! Можеби не требаше да отворам нова тема, но незнаев каде да се надоврзам! Ми треба помош и совети за изработката на звучните кутии т.е. дали ќе можи некој да ми прати скица за следните параметри (звучниците не се некој квалитет, затоа прашувам и барам совети оти планирав да ги ставам во бас рефлекс кутии ама кога ги добив и кога ги видов параметрите се предомислив).

(http://i.imgur.com/AvZMY.png)

Ќе бидат 2 кутии така што една кутија ќе биди во состав од:
1 X Високотонец 80W 4 Ohm
1 X 10" Subwoofer 200W 4 Ohm
Исто така имам и готови (купечки 2way свртници)

Каков вид на кутија вие препорачувате за овие параметри? Ако ми прати некој скица би му бил многу благодарен и очекувајте слики step by step :D

Поздрав,
CupeX
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 01.09.2012, Saturday, 12:45:37
Веке е даден волуменот на кутијата (45 литри),а се работи само за типот на кутијата.Овој бас би работел добро во бас рефлекс кутија ,макар што некој би предложил и ТЛ кутија.

Види го овој проект

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3995.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3995.0)

 Кутијата може да биде и  компресиона со волумен од 55....60 литри (dm3) (без  издуви).
Да биде добро дампирана (наполнета) со вештачка волна (попозната како лио) и да има трапезоиден пресек (за да ги намалите стојните браниови) по мјожност.Изработи ја од  медијапан со дебелина не помала од 22mm!!!
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: Maki on 01.09.2012, Saturday, 13:08:12
Здраво на сите! Можеби не требаше да отворам нова тема, но незнаев каде да се надоврзам! Ми треба помош и совети за изработката на звучните кутии т.е. дали ќе можи некој да ми прати скица за следните параметри (звучниците не се некој квалитет, затоа прашувам и барам совети оти планирав да ги ставам во бас рефлекс кутии ама кога ги добив и кога ги видов параметрите се предомислив).
Ќе бидат 2 кутии така што една кутија ќе биди во состав од:
1 X Високотонец 80W 4 Ohm
1 X 10" Subwoofer 200W 4 Ohm
Исто така имам и готови (купечки 2way свртници)

Каков вид на кутија вие препорачувате за овие параметри? Ако ми прати некој скица би му бил многу благодарен и очекувајте слики step by step :D

Ако идеш на квалитет на звук,онда само Трансмисиона Линија!
Прочитај го мојот туторијал „Како правилно се прават звучни кутии“
http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390 (http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390)

Али нешто не ми е јасно,дали ти планираш овој 10 инча бас да го ставиш у кутија заедно со 10 инча субвуфер,плус високотонец?Онда прво провери дали тој 10 инча субвуфер има 95dB сензитивност,у што дубоко сумњам.Најбоље субвуферот да го тераш активно со посебно појачало,преку активна скретница.Ако мислеше да го прикључиш субвуферот преку пасивна скретница,онда не ти врши работа 2-way скретницата што ја имаш,ќе треба допунски филтер за субвуферот.
Обичен високотонец тешко да има 95dB сензитивност,ќе ти треба високотонски драјвер со хорна.

Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 01.09.2012, Saturday, 13:18:04
Ете,знаев! Маки и трансмисиона кутија! Јас би рекол тогаш - подобро subwoofer кутија.А за тој туторијал би рекол дека не е баш адекватен бидејки човекот веке има конкретни понудени елементи.Не кажа дали си ги купил звучниците како комплет,Кит или не. Ако е свртницата оригинал фабричка за тој кит би ти препорачал да ги направиш кутиите,па со слушен тест и замена на елементи да дојдеш до звук што тебе и само тебе ти одговара.
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: Maki on 01.09.2012, Saturday, 13:27:13
Веке е даден волуменот на кутијата (45 литри),а се работи само за типот на кутијата.Овој бас би работел добро во бас рефлекс кутија ,макар што некој би предложил и ТЛ кутија.

 :D   :D   :D   :D

batka,волуменот 45 литри шо е даден у табелат има ознака Vas,тоа не е волуменот на кутијата него е ТС параметар со чија помош се рачуна потребниот волумен на кутијата!А како се рачуна волумен на кутија пишуе у мојот туторијал „Како правилно се прават звучни кутии“
http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390 (http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390)

Па и ти си пишувал нешто за Vas параметарот у својот туторијал „Како се прават звучни кутии“,али очевидно си заборавил што самиот си напишал и што уопште значи Vas параметарот.

Кутијата може да биде и  компресиона со волумен од 55....60 литри (dm3) (без  издуви).
Да биде добро дампирана (наполнета) со вештачка волна (попозната како лио) и да има трапезоиден пресек (за да ги намалите стојните браниови) по мјожност.Изработи ја од  медијапан со дебелина не помала од 22mm!!!

За ова се слагам,кутијата може да биде компресиона,не мора да биде ТЛ кутија,али у ТЛ ќе биде подобар звукот.
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 01.09.2012, Saturday, 13:48:02
Маки,абе доста со твоите параметри.Ти објаснив некои работи кои изгледа не можеш да ги сватиш.Звучникот ке работи и во 45 л. кутија и тоа добро,ама за компресиона би додал по старото правило+ 20-25%‘ на оние 45 л. Тоа е *тајната* која ти ке ја дознаеш ако рачуваш со твоите параметри,а ако колегава го прочита*туторијалот* никогаш нема да му биде јасно што си сакал да кажеш!
Добро е што се слагаш со вториот предлог бидејки ако и тоа го негираше ,кај ни беше крајот.И на крај : јас му посочив конкретен нацрт со конкретни димензии ,бројки итн.И тоа од колега од Форумов,а не мој.А твојот конкретен предлог ???
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 01.09.2012, Saturday, 15:44:55
Благодарам многу на советите! Јас ќе го ставам во БАС РЕФЛЕКС кутија... Така одлучив и тоа во 45 литарска кутија! Е сега дали ќе можи да ми помогнете да ми пратите цртеж (скица) со отвор за високо тонец (8cm - дијаметар) и отвор за 10" звучник! И исто така каде можам да најдам вештачка волна за дампирање и која му е цената отприлика :D
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 01.09.2012, Saturday, 18:34:50
Го виде ли цртежот на овој линк?

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3995.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3995.0)

Ако сакаш поинаку : внатрешни димензии 560 х 310 х 360 мм ( висина,ширина,длабочина). Центар на басот на 190 мм од долната ивица, центар на високотонецот 75 мм од горната ивица ,на средната линија на кутијата ,како и две цевки промер 50 мм и вкупна должина 160 до 120 мм ( со проба!!) .Цевка пластична за канализација..Ако си од Ск на Битпазар на Женски пазар ке најдеш(за полнење перници) :D :D
Заборавив да напоменам отворите на 5 см од долните ивици на кутијата!!  Каде ке ви се вкрстат паралелните линии на мерките ,тука е центарот на кругот! ;) ;D
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 02.09.2012, Sunday, 02:17:02

Сега почнав со цртање на планот... Тука сме негде?? :D
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 02.09.2012, Sunday, 09:32:51
Замерка само: од долните ќошиња по 5 см нагоре и хоризонтално ке мериш,па под прав агол и каде ке се сечат тука е центарот за отворите.Немам како да ти нацртам,ама ке ме разбереш.На твојов цртеж некако се преблизу до отворот за басот.Па да чуеме коментар ,откога ке ги направиш.Ако можеш стави и шема на свртницата за да биде комплет.
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 02.09.2012, Sunday, 11:29:32
Те сватив, ќе ја корегирам таа грешка! И откако ке корегирам ќе ги поставам пак на форумот... Каква шема сакаш да ставам од свртницата? :D Каде ќе биде поставена на звучната кутија или сакаш да ти пратам шема од свртницата? :D
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 02.09.2012, Sunday, 12:01:05
Ако можеш да ја прецрташ свртницата стави ја,можеби има место за мали корекции,бидејки фабриките редовно од комерцијални причини штедат на свртниците.Дали е свртницата комплет со басот и високиот или си ја нашол посебно?
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 02.09.2012, Sunday, 15:23:23
Ако можеш да ја прецрташ свртницата стави ја,можеби има место за мали корекции,бидејки фабриките редовно од комерцијални причини штедат на свртниците.Дали е свртницата комплет со басот и високиот или си ја нашол посебно?

Посебно ја купив.. Мислам дека се ќе биди во ред Батка... Али ќе видиме на крај што ќе испадни :D
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 02.09.2012, Sunday, 17:18:36
Веројатно ке мораш да ја корегираш.Ајде ,направи напори и ако можеш нацртај ја.
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: Maki on 02.09.2012, Sunday, 21:10:10
И на крај : јас му посочив конкретен нацрт со конкретни димензии ,бројки итн.И тоа од колега од Форумов,а не мој.А твојот конкретен предлог ???

Јас правам по онаа кинеската: на гладниот не му давам риба,него го учам како да ја улови.  8)
Напишав туторијал,нека го прочита,све има таму.

Благодарам многу на советите! Јас ќе го ставам во БАС РЕФЛЕКС кутија... Така одлучив и тоа во 45 литарска кутија! Е сега дали ќе можи да ми помогнете да ми пратите цртеж (скица) со отвор за високо тонец (8cm - дијаметар) и отвор за 10" звучник! И исто така каде можам да најдам вештачка волна за дампирање и која му е цената отприлика :D

А што стана со 10 инча субвуферот?Тој може да иде у посебна кутија.
Не одговори за високотонецот-дали е драјвер со хорна или е обичен твитер?Ако е обичен високотонец,ќе имаш мањак високи.И вишок средни од 10 инча басот.
За отворите погледај ја формулата у мојот туторијал.

Ако сакаш поинаку : внатрешни димензии 560 х 310 х 360 мм ( висина,ширина,длабочина).

,како и две цевки промер 50 мм и вкупна должина 160 до 120 мм ( со проба!!) .Цевка пластична за канализација.

Со вакви внатрешни димензии се добива кутија со 62 литра волумен,многу повеќе од 45 литра.
Цефките ти се предолги,ќе резонираат на прениска фрекфенција,дужината треба да биде мање од 100мм.
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 03.09.2012, Monday, 10:21:59
Маки, високиот е обичен твитер! Не е проблем тоа... Ќе се среди најмал проблем е тоа :D

А и мене чудно ми падна дека доаѓа 62 литарска кутија... Ќе го почекаме Батка да видиме можеби се работи за некоја грешка... :D
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 03.09.2012, Monday, 12:29:40
Јас реков дека ке работи и во 45 л.кутија,ама реков дека јас би додал +/- 25% волумен.За ова кутија која последна ја предложив никаде не пишав дека е  45 l!? Затоа да не мешаме баби и жаби,колегава нека си ја направи кутијава како што почна ,без додавки и придавки.За твојот *туторијал* и ловење риби и жаби,веке знаеме ,сме ги чуле тие работи,ама само теоретски.Да покажеше барем некој твој изработен,пресметан или барем прилагоден нацрт - ке беше во ред! Вака,по она народната - не умри коњу до зелена трева! На колегава останува да си одлучи дали ке ја прави или не.Само да напоменам оваква (слична ) конструкција имаше Сашо Ицковски дадено во еден број на Емитер ,ама напоменувам дека потекнува од истиот извор од каде и јас ја пронајдов,а тоа се апликациите на фирмата FANE.И за разлика од Маки,кој сигурно не може пример деа ти даде,јас можам да ти покажам таков пар кутии ако дојдеш до Велес.Веројатно ке можеши и да ги чуеш. 8)
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 03.09.2012, Monday, 19:55:02
Дечки, јас утре одам да ја скројам кутијата од медијапан... :D Би требало да дојде добра кутијата не сумљам :D Сега за некој сат ке пратам слики од свртницата :D
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 03.09.2012, Monday, 20:15:57
То,мајсторе!  ;D Многу ме интересираат впечатоците.Напомена : обложи ги страниците со тервол ( најефтино решение) и не ја преполнувај со лио ! И за дампирањето вреди неколку проби да направиш по систем - помалку/повеќе,па што те бендиса.А за свртницата добро е да ја видиме!
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 03.09.2012, Monday, 21:54:29
То,мајсторе!  ;D Многу ме интересираат впечатоците.Напомена : обложи ги страниците со тервол ( најефтино решение) и не ја преполнувај со лио ! И за дампирањето вреди неколку проби да направиш по систем - помалку/повеќе,па што те бендиса.А за свртницата добро е да ја видиме!

Батка, ок ќе му дојде ред и на тервол и на лио :D Ете слики од свртницата :D

Слика 1

(http://img28.imageshack.us/img28/651/5dvm7.jpg)

Слика 2

(http://img841.imageshack.us/img841/5493/8gted.jpg)
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: GigaWatt on 03.09.2012, Monday, 22:47:47
Познати ми се овие „универзални“ свртници. Според мене, не се добри, работниот напон на кондензаторите им е 100V, што според мене е малку (јас би ставил барем 200V работен напон). Второ, поставеноста на калемите... се знае како се поставуваат калеми во една свртница (оските на сите калеми да бидат под прав агол едни во однос на други, а не вака, паралелни едни на други). Трето, преклопните фреквенции им се избрани „универзално“ (како што е кај повеќето звучници, се зема некоја статистичка средина и преклопните фреквенции се поствуваат врз база на неа, што не е во ред, сепак, секоја комбинација на два звучника е единствена и не е можно да се направи „универзална свртница“). Има и други недостатоци, но ајде, да не навлегуваме до толку во детали ;).

Имаш доста програми online за изработка на ствртници, а верувам и дека некои од членовите на форумов би се нафатиле да ти дизајнираат свтрница за тие звучници. Искрено, јас никогаш не сум дизајнирал, така да, немам искуство во тоа поле, па можно е да згрешам. Но има поискусни членови на форумот, имаат дизајнирано свтрници, може ако сакаат да помогнат ;). Ако CupeX воопшто сака, ако не, не мора ;), со среќа нека си ја користи оваа ;).
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 04.09.2012, Tuesday, 10:18:22
Се слагам со Гига дека треба измени во свртницата.Ако сакаш може да ти посочам таблици со веке пресметани податоци за дво -системски пасивни свртници.Не се сеќавам дали видов податоци за високотонецот?
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 06.09.2012, Thursday, 20:41:56
Дечки, ги оставив да ми ги сечат според планот од медијапан 25mm :D Имаат многу работа така да деновиве треба да ги добијам и да почнам со работа... ЌЕ ИМА СЛИКИ ;)
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: ZEC ELECTRONICS on 11.09.2012, Tuesday, 20:05:58
само забелешка....

универзалните свртници се за луге без познавање ....морав ова да го пишам бидејќи преге ми дојде дечко и зема комплет сите работи...јас му направив - нацртав шема како да ги врзе компонентите на универзалната свртница....и му изнакажав два тона работи....за да ми се јави после 2,5 саати и да ме праша “ зец ако е од овие три е басот ?!?!?!?! ???   “

и јас паднав у несвест....он студирал на градежен...и читкал вам там по форуми...и се насобрал со термини....а уствари врска нема...можеби ќе се пронајде на форумов......

и ТО !!

поздрав

ЗЕЦ
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 15.09.2012, Saturday, 11:19:39

ЗЕЦ,

Малце... Не малце туку повеќе избега од темата и пишуваш за некојси твој муштерија што тоа на никој нема да му биди од корист ни најмалце ;) Оставете муштерии, чекајте уште некој ден да поставам слики од проектот :) :) :)
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 15.09.2012, Saturday, 12:11:29
Ајде да видиме што си направил и задоволен ли си од звукот.
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: CupeX on 15.09.2012, Saturday, 18:09:42
Ајде да видиме што си направил и задоволен ли си од звукот.

Искрено, не очекував толку МОЌЕН и чист звук! Перфектно е! Се е погодено...

Благодарам на сите што ми помогнавте да го изработам овај проект, и уште едно посебно благодарам до @Batka  ;D

Телефонот ми е на попрафка и затоа не можам да ставам слики, понеделник ќе има и слики :)
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: Ghost on 20.03.2013, Wednesday, 19:59:05
Ах ја колку има искуство да не компликујем овој бас звучник плаче за ТЛ-кутија ;)
Ако има некој стучњак на форумов да ти објасни како то се прави имаш шанси убав звук да чуеш.
Како што прочитав у ова тема овај стручњак од зец електроникс и поштованиот батка пошто ги разбират работиве а и други стручњаци на форумов можат да ти помогнат како да скроиш ТЛ звучник.
Малку лошо објаснуа пошто не сум многу учен чоек затоа  се извинуа, али можам понешто да помогнам пошто сум ги работел овие работи некако без многу знање иако сум читал и не сум схватил, али за моји уши убав звук ваѓат. ;)
Инаку уште ово, убациго басот у затворена кутија без издуви од околу 40литри и нема многу потреба од многу знање, јас така сум праел и добар  бас за уши сум вадел. И ова кутијата предложенава наполнија со вештачка вуна и то је то. ;) :P
 Ово решење е едноставно и нема да те боли глава и веруј нема да промашиш у добивка на добар звук.
Овдека мислам на добар бас, за добри среди и високи на звучникот требе уште работа.
У форум ке ти објаснат како тоа се работи.
поздрав
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 20.03.2013, Wednesday, 20:20:33
Славко,ами Ts параметри???? Уосталом,човеков си го кажа своето,сигурно знае да слуша,па дава лајк 8)
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: Ghost on 20.03.2013, Wednesday, 20:26:25
Славко,ами Ts параметри???? Уосталом,човеков си го кажа своето,сигурно знае да слуша,па дава лајк 8)
Не знам зиошто ме именујете со Славко дајте објаснете им на лугево? ??? ::)
Title: Одг: Дизајн на звучна кутија!
Post by: batka on 20.03.2013, Wednesday, 20:28:45
Па со оглед на стилот и пишувањето,мислам дека ти си Славко,барем така изгледа.Ако не си ти се извинувам 8) ???