Author Topic: Дизајн на звучна кутија!  (Read 9817 times)

Offline CupeX

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Дизајн на звучна кутија!
« Opened on 01.09.2012, Saturday, 01:51:24 »
Здраво на сите! Можеби не требаше да отворам нова тема, но незнаев каде да се надоврзам! Ми треба помош и совети за изработката на звучните кутии т.е. дали ќе можи некој да ми прати скица за следните параметри (звучниците не се некој квалитет, затоа прашувам и барам совети оти планирав да ги ставам во бас рефлекс кутии ама кога ги добив и кога ги видов параметрите се предомислив).


Ќе бидат 2 кутии така што една кутија ќе биди во состав од:
1 X Високотонец 80W 4 Ohm
1 X 10" Subwoofer 200W 4 Ohm
Исто така имам и готови (купечки 2way свртници)

Каков вид на кутија вие препорачувате за овие параметри? Ако ми прати некој скица би му бил многу благодарен и очекувајте слики step by step :D

Поздрав,
CupeX

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #1 on 01.09.2012, Saturday, 12:45:37 »
Веке е даден волуменот на кутијата (45 литри),а се работи само за типот на кутијата.Овој бас би работел добро во бас рефлекс кутија ,макар што некој би предложил и ТЛ кутија.

Види го овој проект

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3995.0

 Кутијата може да биде и  компресиона со волумен од 55....60 литри (dm3) (без  издуви).
Да биде добро дампирана (наполнета) со вештачка волна (попозната како лио) и да има трапезоиден пресек (за да ги намалите стојните браниови) по мјожност.Изработи ја од  медијапан со дебелина не помала од 22mm!!!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #2 on 01.09.2012, Saturday, 13:08:12 »
Здраво на сите! Можеби не требаше да отворам нова тема, но незнаев каде да се надоврзам! Ми треба помош и совети за изработката на звучните кутии т.е. дали ќе можи некој да ми прати скица за следните параметри (звучниците не се некој квалитет, затоа прашувам и барам совети оти планирав да ги ставам во бас рефлекс кутии ама кога ги добив и кога ги видов параметрите се предомислив).
Ќе бидат 2 кутии така што една кутија ќе биди во состав од:
1 X Високотонец 80W 4 Ohm
1 X 10" Subwoofer 200W 4 Ohm
Исто така имам и готови (купечки 2way свртници)

Каков вид на кутија вие препорачувате за овие параметри? Ако ми прати некој скица би му бил многу благодарен и очекувајте слики step by step :D

Ако идеш на квалитет на звук,онда само Трансмисиона Линија!
Прочитај го мојот туторијал „Како правилно се прават звучни кутии“
http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390

Али нешто не ми е јасно,дали ти планираш овој 10 инча бас да го ставиш у кутија заедно со 10 инча субвуфер,плус високотонец?Онда прво провери дали тој 10 инча субвуфер има 95dB сензитивност,у што дубоко сумњам.Најбоље субвуферот да го тераш активно со посебно појачало,преку активна скретница.Ако мислеше да го прикључиш субвуферот преку пасивна скретница,онда не ти врши работа 2-way скретницата што ја имаш,ќе треба допунски филтер за субвуферот.
Обичен високотонец тешко да има 95dB сензитивност,ќе ти треба високотонски драјвер со хорна.


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #3 on 01.09.2012, Saturday, 13:18:04 »
Ете,знаев! Маки и трансмисиона кутија! Јас би рекол тогаш - подобро subwoofer кутија.А за тој туторијал би рекол дека не е баш адекватен бидејки човекот веке има конкретни понудени елементи.Не кажа дали си ги купил звучниците како комплет,Кит или не. Ако е свртницата оригинал фабричка за тој кит би ти препорачал да ги направиш кутиите,па со слушен тест и замена на елементи да дојдеш до звук што тебе и само тебе ти одговара.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #4 on 01.09.2012, Saturday, 13:27:13 »
Веке е даден волуменот на кутијата (45 литри),а се работи само за типот на кутијата.Овој бас би работел добро во бас рефлекс кутија ,макар што некој би предложил и ТЛ кутија.

 :D   :D   :D   :D

batka,волуменот 45 литри шо е даден у табелат има ознака Vas,тоа не е волуменот на кутијата него е ТС параметар со чија помош се рачуна потребниот волумен на кутијата!А како се рачуна волумен на кутија пишуе у мојот туторијал „Како правилно се прават звучни кутии“
http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390

Па и ти си пишувал нешто за Vas параметарот у својот туторијал „Како се прават звучни кутии“,али очевидно си заборавил што самиот си напишал и што уопште значи Vas параметарот.

Кутијата може да биде и  компресиона со волумен од 55....60 литри (dm3) (без  издуви).
Да биде добро дампирана (наполнета) со вештачка волна (попозната како лио) и да има трапезоиден пресек (за да ги намалите стојните браниови) по мјожност.Изработи ја од  медијапан со дебелина не помала од 22mm!!!

За ова се слагам,кутијата може да биде компресиона,не мора да биде ТЛ кутија,али у ТЛ ќе биде подобар звукот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #5 on 01.09.2012, Saturday, 13:48:02 »
Маки,абе доста со твоите параметри.Ти објаснив некои работи кои изгледа не можеш да ги сватиш.Звучникот ке работи и во 45 л. кутија и тоа добро,ама за компресиона би додал по старото правило+ 20-25%‘ на оние 45 л. Тоа е *тајната* која ти ке ја дознаеш ако рачуваш со твоите параметри,а ако колегава го прочита*туторијалот* никогаш нема да му биде јасно што си сакал да кажеш!
Добро е што се слагаш со вториот предлог бидејки ако и тоа го негираше ,кај ни беше крајот.И на крај : јас му посочив конкретен нацрт со конкретни димензии ,бројки итн.И тоа од колега од Форумов,а не мој.А твојот конкретен предлог ???

Offline CupeX

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #6 on 01.09.2012, Saturday, 15:44:55 »
Благодарам многу на советите! Јас ќе го ставам во БАС РЕФЛЕКС кутија... Така одлучив и тоа во 45 литарска кутија! Е сега дали ќе можи да ми помогнете да ми пратите цртеж (скица) со отвор за високо тонец (8cm - дијаметар) и отвор за 10" звучник! И исто така каде можам да најдам вештачка волна за дампирање и која му е цената отприлика :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #7 on 01.09.2012, Saturday, 18:34:50 (Edited 01.09.2012, Saturday, 18:45:32) »
Го виде ли цртежот на овој линк?


http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3995.0

Ако сакаш поинаку : внатрешни димензии 560 х 310 х 360 мм ( висина,ширина,длабочина). Центар на басот на 190 мм од долната ивица, центар на високотонецот 75 мм од горната ивица ,на средната линија на кутијата ,како и две цевки промер 50 мм и вкупна должина 160 до 120 мм ( со проба!!) .Цевка пластична за канализација..Ако си од Ск на Битпазар на Женски пазар ке најдеш(за полнење перници) :D :D
Заборавив да напоменам отворите на 5 см од долните ивици на кутијата!!  Каде ке ви се вкрстат паралелните линии на мерките ,тука е центарот на кругот! ;) ;D

Offline CupeX

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #8 on 02.09.2012, Sunday, 02:17:02 (Edited 02.09.2012, Sunday, 02:58:58) »
Го виде ли цртежот на овој линк?


http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3995.0

Ако сакаш поинаку : внатрешни димензии 560 х 310 х 360 мм ( висина,ширина,длабочина). Центар на басот на 190 мм од долната ивица, центар на високотонецот 75 мм од горната ивица ,на средната линија на кутијата ,како и две цевки промер 50 мм и вкупна должина 160 до 120 мм ( со проба!!) .Цевка пластична за канализација..Ако си од Ск на Битпазар на Женски пазар ке најдеш(за полнење перници) :D :D
Заборавив да напоменам отворите на 5 см од долните ивици на кутијата!!  Каде ке ви се вкрстат паралелните линии на мерките ,тука е центарот на кругот! ;) ;D


Сега почнав со цртање на планот... Тука сме негде?? :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #9 on 02.09.2012, Sunday, 09:32:51 »
Замерка само: од долните ќошиња по 5 см нагоре и хоризонтално ке мериш,па под прав агол и каде ке се сечат тука е центарот за отворите.Немам како да ти нацртам,ама ке ме разбереш.На твојов цртеж некако се преблизу до отворот за басот.Па да чуеме коментар ,откога ке ги направиш.Ако можеш стави и шема на свртницата за да биде комплет.

Offline CupeX

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #10 on 02.09.2012, Sunday, 11:29:32 »
Те сватив, ќе ја корегирам таа грешка! И откако ке корегирам ќе ги поставам пак на форумот... Каква шема сакаш да ставам од свртницата? :D Каде ќе биде поставена на звучната кутија или сакаш да ти пратам шема од свртницата? :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #11 on 02.09.2012, Sunday, 12:01:05 »
Ако можеш да ја прецрташ свртницата стави ја,можеби има место за мали корекции,бидејки фабриките редовно од комерцијални причини штедат на свртниците.Дали е свртницата комплет со басот и високиот или си ја нашол посебно?

Offline CupeX

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #12 on 02.09.2012, Sunday, 15:23:23 »
Ако можеш да ја прецрташ свртницата стави ја,можеби има место за мали корекции,бидејки фабриките редовно од комерцијални причини штедат на свртниците.Дали е свртницата комплет со басот и високиот или си ја нашол посебно?

Посебно ја купив.. Мислам дека се ќе биди во ред Батка... Али ќе видиме на крај што ќе испадни :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #13 on 02.09.2012, Sunday, 17:18:36 »
Веројатно ке мораш да ја корегираш.Ајде ,направи напори и ако можеш нацртај ја.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дизајн на звучна кутија!
« Reply #14 on 02.09.2012, Sunday, 21:10:10 »
И на крај : јас му посочив конкретен нацрт со конкретни димензии ,бројки итн.И тоа од колега од Форумов,а не мој.А твојот конкретен предлог ???

Јас правам по онаа кинеската: на гладниот не му давам риба,него го учам како да ја улови.  8)
Напишав туторијал,нека го прочита,све има таму.

Благодарам многу на советите! Јас ќе го ставам во БАС РЕФЛЕКС кутија... Така одлучив и тоа во 45 литарска кутија! Е сега дали ќе можи да ми помогнете да ми пратите цртеж (скица) со отвор за високо тонец (8cm - дијаметар) и отвор за 10" звучник! И исто така каде можам да најдам вештачка волна за дампирање и која му е цената отприлика :D

А што стана со 10 инча субвуферот?Тој може да иде у посебна кутија.
Не одговори за високотонецот-дали е драјвер со хорна или е обичен твитер?Ако е обичен високотонец,ќе имаш мањак високи.И вишок средни од 10 инча басот.
За отворите погледај ја формулата у мојот туторијал.

Ако сакаш поинаку : внатрешни димензии 560 х 310 х 360 мм ( висина,ширина,длабочина).

,како и две цевки промер 50 мм и вкупна должина 160 до 120 мм ( со проба!!) .Цевка пластична за канализација.

Со вакви внатрешни димензии се добива кутија со 62 литра волумен,многу повеќе од 45 литра.
Цефките ти се предолги,ќе резонираат на прениска фрекфенција,дужината треба да биде мање од 100мм.