Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Malecko on 28.12.2011, Wednesday, 21:49:22

Title: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Malecko on 28.12.2011, Wednesday, 21:49:22
Што мислите според вас,подобро е да се купи веќе склопен компјутер од продавница,или пак на делови па дома да го склопувате,и зошто? ;D Oва зборам за цена/перформанси пример според вас подобро е да купите гејмерски компјутер од 1000евра,или пак да купите делови до 1000евра и да го склопите дома?Кој ќе биде подобар?Јас сум за домашно склопуван,знам што ставам внатре :D :D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Devil on 28.12.2011, Wednesday, 21:55:23
дома склопуван, прво поефтино ќе ме фати
второ ќе ставам тоа што јас сакам и што ми треба, а не како во продавница што ставаат некој рандом елементи кој за моите потреби не одговараат, него конфигурациите им се фиксни и за да ја промениш треба прво таа да ја купиш па да доплатиш за да ја надградиш до она што тебе ти треба
и плус цените им се многу високи
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: najdo on 28.12.2011, Wednesday, 22:02:04
Се согласувам со Devil, најубо ти е дома да си го склопиш, и јас сега планирам иам стар PC ке му менвам делови и поевтино ке ме фати.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: GigaWatt on 28.12.2011, Wednesday, 22:06:37
дома склопуван, прво поефтино ќе ме фати

За ова баш и не си во право. Обично фирмите даваат попусти на муштерии кои цела конфигурација купиле од кај нив. Ако не му веруваш, провери, купи ги сите компоненти посебно и ќе видиш дека сумата ќе излезе поголема ;).

Не ме сваќајте погрешно, не дека сум против купување на home made конфигурација, баш напротив, но сум се уверил дека повеќе се исплати ако се купат компонентите „топтан“ ;). Ќе видите дека е така ;). А и ако се знете со некој од фирмата, може да ви даде додатен попуст на PC-то, па и по дилерски може да добиете, зависи колку ви е добар пријателот ;) ;D.

А за бандероли и такви работи, никогаш многу не сум му ја мислел (уште на првото PC PII ги скинав по 4 или 5 месеци, не ми текнува ;D, ми требаше HDD-то за да префрлам податоци од едно PC на друго, тоа беше одамна, тогаш на прсти се броеја луѓето во МК кои имаа режачи, USB flash не ни постоеше тогаш, мисловна именка ;D). Има едно „глобално“ правило кое важи за овие работи: ако работи три месеци како што треба, без никаков проблем, најверојатно ќе работи и наредни 10 години без проблем ;D. Е сега, да, има пресметан ризик ако јас синете бандеролата, ама, тоа е тоа, „шизик на ризик“ ;D.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Malecko on 28.12.2011, Wednesday, 22:10:15
А што е со овие поголемиве компании,пример подобри перформанси и квалитет ќе има компјутер од Dell од 1000евра,или пак јас дома да го склопувам до 1000евра?
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: GigaWatt on 28.12.2011, Wednesday, 22:13:42
А што е со овие поголемиве компании,пример подобри перформанси и квалитет ќе има компјутер од Dell од 1000евра,или пак јас дома да го склопувам до 1000евра?

Перформанси сигурно подобри ќе има дома склопениот, ама Dell-чињата се мазги. Тие тераат и по 10 години без никаков проблем, а за чистење, еднаш во 7 или 8 години ;D.

Значи прашањето е, дали сакаш да имаш брз или стабилен компјутер, Dell-от сигурно нема да биде најбрз, ама дигни Dell машина и дигни било која домашно склопена машина, или од фирма, и разликата најдобро ќе ја видиш ;), во тежина ;D. Тие имаат лимарија ехееееее ;D. Од тераса да го фрлиш ништо нема да му биде ;D (фиргуративно кажано, kids, if you have a Dell PC, don't try this at home ;D).
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: stefanjanevski on 28.12.2011, Wednesday, 22:15:07
Мое мислење е дека подобро е да го купиш веќе склопоен, зашто прво ти даваат каква такв гаранција што и не е толку битно, второ тоа што го кажа дека веќе треба да го купиш тој дел па да купуваш друг за да појачаш конфигурација не е точно, можеш пред да го купиш, барем јас кога го купував пред една година, да ти го заменат делот, сакам таков и таков, тоа го прават веќе во сите компании, а ќе ја доплатиш само разликата. И плус доколку купуваш цела конфигурација ти даваат попуст, мене мислам дека на 30.000 ми дадоа некаде 5.000 до 6.000 денари и плус ми дадоа купон од 1.000 денари да си купам од кај нив нешто. Па, мислам дека најдобро е веќе склопено :)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома скло
Post by: ShAdOw on 28.12.2011, Wednesday, 22:25:04
Видете сега вака и јас сум за склопување компјутер дома, но под еден услов, за да составиш одлична конфигурација треба малку да си стручен во оваа област, а не вака површински што си чул, еј ќе купам матична, процесор, рам, графичка, хард диск и ќе си направам компјутер. За да составиш добар компјутер треба да имаш добро знаење од информатиката, кој дел на што фрекфенции работи, дали ќе си одговараат еден со друг, дали ладењето е добро и да не ги набројувам сите работи кои треба да се запазат кога се склопува една конфигурација. Значи не е се на жими мајка како што повеќето мислат. Да не навлегувам повеќе во оваа област, јас се изјаснив дека сум за склопување дома, но немам ништо против и да купам готова конфигурација од продавница, откако ќе видам дали компонентите кои се вградени во неа вредат или не.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 28.12.2011, Wednesday, 22:35:22
Подобро е дома склопуван
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Devil on 28.12.2011, Wednesday, 22:38:15
абе гига види, ако се познаваш со дилерот кој ги носи деловите сигурно пак ќе добиеш попуст и тоа многу пома од тој што би го добил во продавница, пошто тие во продавницата мора да направат од негде пари
гаранцијата не игра многу улога, пошто и на делови и цело куќиште да го земаш секогаш имаш гаранција, за секој купен дел (збораме за нови од продавница, не од некој од пазар) добиваш гаранција

а дека ќе те фати поскапо, гига прерачунај се добро :)
не мора се од една продавница да купиш, разгледај ги цените во сет и мебиус ќе видиш дека за прилично мали пари има прилично добра конфигурација, а за тие пари ти сам што ќе склопиш во амц или каде било склопен компјутер ќе е со помали перформанси

Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Malecko on 28.12.2011, Wednesday, 22:45:14
Да не навлегувам повеќе во оваа област, јас се изјаснив дека сум за склопување дома, но немам ништо против и да купам готова конфигурација од продавница, откако ќе видам дали компонентите кои се вградени во неа вредат или не.
И кај мене важи ова правило,би купил од продавница ама ако знам дека,нели,има добри делови,а не на пример процесор i7,графичка некоја GTX560 и матичната „chang chung“ ;D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 28.12.2011, Wednesday, 22:48:39
Најдобра варијанта
Сам склопи си!

Средна варијанта
Купи конфигурација

Најлоша варијанта
Купи конфигурација од АМЦ
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: ShAdOw on 28.12.2011, Wednesday, 22:51:02
Најлоша варијанта
Купи конфигурација од АМЦ

Хахаха, јако ти беше ова, еј ама ме изнасмеа, хахаха ;D.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: donis92 on 28.12.2011, Wednesday, 23:06:22
Malecko, ти се реши за компјутер, јас сум повеќе home made ама сепак напрај си ''есап'' види што сакаш да има и колку ќе те кошта тоа да купиш делови или цела конфигурација од фирма
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: stefanjanevski on 28.12.2011, Wednesday, 23:07:00
Најлоша варијанта
Купи конфигурација од АМЦ

Хахаха, јако ти беше ова, еј ама ме изнасмеа, хахаха ;D.

Зашто налоша, мојот е од АМЦ, скоро две години се нема рестартирано, камоли па некој проблем да јави, исти оперативен систем две години, иста машина, пречки никакви :)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 28.12.2011, Wednesday, 23:11:37
јави, исти оперативен систем две години, иста машина, пречки никакви :)
а добро, го работиш ли компјутерот секојдневно или повремено? Бидејки 2 години со ист оперативен систем малце ми е чудно, со оглед дека преинсталациите кај мене се на 2-3 месеци
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: ShAdOw on 28.12.2011, Wednesday, 23:17:13
Абе ако ти се погоди ќе тера и 10 години ;D. A DX-er во врска со оперативниот систем неговото траење зависи од тоа како го одржуваш компјутерот т.е. дали го дефрагментираш, ги средуваш регистрите, ги бришеш непотребните работи, добар анти-вирус и ред други работи кои треба да ги правиш ако сакаш оперативниот да ти трае подолго ;).
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: stefanjanevski on 28.12.2011, Wednesday, 23:17:44
Ако ми веруваш, а немора, компјутеров од 24 часа дневно, исклулен е само 5 саати, и тоа е период кога сум во школо, дури и кога си легнувам торенти ќе изнаставам за симнување и сабајле си продолжувам со работа, досега да не го урочам си е совршен :)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 28.12.2011, Wednesday, 23:46:06
Ако ми веруваш, а немора, компјутеров од 24 часа дневно, исклулен е само 5 саати, и тоа е период кога сум во школо, дури и кога си легнувам торенти ќе изнаставам за симнување и сабајле си продолжувам со работа, досега да не го урочам си е совршен :)

E,батки сега да ви кажам : безмалку 20 години се бафтам со компјутериве.Почнав со DOS,па 3,11 ,95..... од 286 до I-5,ама како што последниве години сум се нагледал фуш - никогаш порано,Грешка е кога мислиш дека се знаеш,па си купуваш плочи и сам си го составуваш компјутерот дома! Зошто - првин,од искуство,се што пишува(и не пишува) во книгите не е точно баш! И големите фирми имаат * багови*.Сум сретнал добри матични.процесори,мемории кои не се трпат.Има АТI графички кои на некои плочи едноставно застануваат,кочат.Има комбинации кои работат побавно од некоја тројка иако се со DDRIII. Затоа,пажливо изберете ја фирмата каде мислите да купите машина ,консултирајте се,прочитајте малку на Интернет и оставете ги лугето да си ја завршат работата! Барем кај мене секоја машина се тестира,барем еден стрес-тест мине и затоа даваме и гаранција! Многу се зезнале луге што купиле 4 работи од 4 разни фирми ,па составувале сами или во пета фирма.Да бидеме искрени во МКД не доаѓа 1 лига производи,ами некаде 3-та ( за Западен Балкан) па затоа нека не ве чеша Цацко самите да комбинирате некои свои комбинации.Тоа е скапа работа ,со неизвесен исход.Ова што не го исклучуваш компјутерот можеби е добро во фирма ,ама дома јас секоја вечер го исклучувам.Проблеми со напони во зима,со грмотевици и невреме во лето,кога не сум дома и ТВ апаратот ми е исклучен.... Секој ден ми доаѓаат фраери со прегорени напојувања,мрежни,рутери,,, И по правило_ абе,си работеше синоќа,а сабајлево... счури!! Тоа е тоа,мора да се живее од нешто! :D :D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: stefanjanevski on 28.12.2011, Wednesday, 23:54:59
Додека тера нека е за арно, после тоа ќе го сервисираме, а само да ви кажам пред тоа имав еден компјутр од СЕТ компјутери. Само што го купив, два дена беше кај мене дома, два дена на сервис, значи во неделата сум го носел по 2 - 3 пати на сервис, и на крај ми пукна филмот и се испокарав со тој таму што им беше главен, и од тогаш го наравија па работесе добро едно два три месеци, ама сеа затоа е во пакет :D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 29.12.2011, Thursday, 00:06:13
Полека ке се исчистат фирмите во МКД кои работат или не работат добро.Кај нас има некои правила и можеби затоа севисот добро работи.Правило бр.1 - задоволен муштерија.Не се десило да ми донесат компјутер и 5 дена да чека преинсталација.Секој наш продаден компјутер има заштитна налепница и кога ке дојде кај нас се отвора пред муштеријата,се дијагностицира ,се известува муштеријата штп е дефектот,колку чини и кога е готов се повикува да си го земе.Секој купен дел од кај нас бесплатно се монтира и тестира.Полека го освојуваме пазарот,бидејки и компјутерите купени во други фирми доаѓаат на сервис кај нас. Не сме имале конфликт ( поозбилен) со некој муштерија и не сме дозволиле некој да си испадне револтиран или разочаран.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: stefanjanevski on 29.12.2011, Thursday, 00:15:17
Вожно кога отидов кај вујна ми во Нико компјутери, го носев старото PC, бев запрепастен кога влегов во сервисот, компјутери поправаат со пцуење (ај бе што ти е да ти .... мајката) и слични на овие, лупаат по тастаури и кујзнае уште што, и не ги бива како сервисери, мене на HDD-то ми најдоа милијарда бед сектори пред мои очи, и му викам на тој замени ми ги магистралите до нив е, не не е до нив треба нов хард диск и матична да купиш, отидов дома заменив магистралите компјутеров уште тера.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 29.12.2011, Thursday, 00:27:39
АМЦ правило бр.1 - задоволен муштерија.

АМЦ Не се десило да ми донесат компјутер и 5 дена да чека преинсталација. Мојот компјутер беше 78 дена на сервис.

Со какви ти не манипулации се служеа само ееее мамичето им... никад повеке кај нив не влегувам

Однесов компјутер кај нив на сервис кој беше под гаранција за тоа што кочеше и се блокираше по неколку минути по уклучувањето, одвреме навреме им се јавував да прашам до каде е а тие ме замавтуваа, по 30тиот ден пак им се јавив и ми рекоја ај утре ај задутре... после тоа пак им се јавив и ми викаат, абе скоро готов е ама ке ти се јавиме кога да дојдеш. Се направија 2 месеци како ме лажеја и мафтосуваа. Нивното мавтосување продолжи и понатаму се до 78тиот ден кога ми рекоја оти процесорот бил прегорен и дека немале таков процесор ниту таква матична па морале да ми ја заменат и плочата со процесорот ама таа ке мора сам да си ја доплатам разликата а со тоа и графичката карта морала да се смени и разликата исто така сам да си ја доплатам. Значи доплатив некаде 4000 денари за нивните лаги а компјутерот ми беше под гаранција! Ме најдоа во небрано ѓубрињата и ајде се согласив, платив и си го зедов компјутерот. Го носам дома и го уклучувам и ете ти пак ист проблем, пак се кочи!!! Ах мамичката нивна си викам на кол да ви на набијам. Се јавувам кај нив и им кажувам дека пак ист проблем и им го носам пак на сервис. Замислете што било проблемот, напојувањето правело проблеми и затоа кочел. Значи ова беше пред 5 години и се надевам дека добро памтам и добро сум напишал. Требаше да ги привавам ама ме спречи истото што ме има спречено и повеке пати а тоа е, треба да фрлам уште пари и да се нервирам и да губам време и после прашање дали ке излезам на крај со оглед на тоа дека големите фирми се врзани со се и сешто, и највероватно пак муштеријата е крив. Но затоа повеке кај нив не влегувам.
На крај, во разговор со други стручни лица утврдив дека процесорот не ни бил прегорен воопшто, туку не бил зачистен делот меѓу кулерот и процесорот и затоа немало добро ладење и кочел.Иначе туку се работело за злоупотреба на службената должност и овласуување на сервисерот со цел да украде процесор а со тоа да направи многу поголема штета.
А да не заборавам, од кај нив имам купено и бежичен рутер и стик и имав големи проблеми со нив!

Со еден збор, нема ништо добро што сум купил од кај нив! Затоа учете од туѓите искуства и пазете што правите и немојте да се излажете на нивните ниски цени. Колку пари толку музика.

Иначе од еден човек имам слушнато (не знам ова колку е вистина ама како ми кажал така ви кажувам) Им носат телевизори, ДВД плеери и останати работи кај нив а потоа овие вработените им лепат напепници NEO, кварт и сл.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 29.12.2011, Thursday, 01:04:20
Колеги ми се ,да не оговарам,ама во Велес кога ја отворија близу до нас продавницата,рекоа:ке ве затвориме...,Е,сега и она што тие го продаваат-ние го сервисираме понатаму  ;D Исто и со компјутерите на Телеком ;) Иста работа - немаат сервис.Овие од АМЦ - се што фанале растуриле,а за преинсталација и по 10 дена се чека ( ваљда во Скопје ги носат! ;D ;D)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 29.12.2011, Thursday, 01:12:52
Овие од АМЦ - се што фанале растуриле,а за преинсталација и по 10 дена се чека ( ваљда во Скопје ги носат! ;D ;D)
изгледа во скопје ги носат, ама тоа е полошо оти сервисот во скопје е ужасен! Иначе да не заборавам, еднаш купив рам меморија од Анхоч па бидејки компјутерот беше под гаранција на амц и имаше нивна лепенка морав да им го однесам кај нив за да тие ја извадат налепницата и да ја стават РАМ меморијата на местото. За тој зафат ми наплатија 300 денари! Фискална сметка не ми дадоа. Какви злоупотреби се прават не сте свесни. Италијанската, албанската и бугарксата мафија може да учат од нив.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Malecko on 29.12.2011, Thursday, 02:03:21
Хаха и јас сум имал сличен проблем со амц,кога требаше да зимам компјутер пред 4-5г ;D.Дома запнав компјутер па компјутер,сите ги попиздив :D за компјутер,море ме мавтосуваа дома,не ти треба сине ја не бре компјутер и точка :D.И ајде гледај гледај компјутери и ајде во амц со татко ми да зимам компјутер,одиме и гледам еден компјутер за 27000ден,се монитор,куќиште,тастатура,маус ова она и гратис слушалици и oк.Ама без мајками тоа не бива мора и со нејзе да се консултираат хаха ;D.И одиме следниот ден со таткоми ајде тој од 27000 ќе го зимамe.Влагаме во амц ама па друг еден ни се погоди,не беше тој истиот што не „услужи“.И татко ми вика ајде пакувајте го овој компјутер го зимаме,и тој вика секунда само да пресметам,и го тупи таму ваков рам,ваков процесор,со овој оперативен се на се 38000,и татко ми вика па вчера дојдовме пишуваше дека е 27000 и плус еден ваш колега ни потврди.Он не па не,нема шанси,згрешил тој,а пази на компјутерот имаше залепено налепница дека е 27000...И се препукавме таму и ништо,после земав од пц дисконт,еден пријател ми го склопи и 4год издржа компјутерот,мада јас го мучев,оверклок,едно 2000 пати ми се појави BSOD,па го испозаеб*в и само хдд  и цдром му сменив. ;D Исто како и кај DX-er и мене амц ми има оставено лош впечаток,и кој да ме праша од кај да зима компјутер,некој дел ова она,одма им викам „кај сакаш зимај,само немој во амц“ ;D.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: GigaWatt on 29.12.2011, Thursday, 02:15:20
Зашто налоша, мојот е од АМЦ, скоро две години се нема рестартирано, камоли па некој проблем да јави, исти оперативен систем две години, иста машина, пречки никакви :)

Ти се погодил. А не дај боже да имал проблем, ќе ги псуеш AMC доживотно ;D.

А за услужност, тоа да не правам муабет, од пред три или четири години кога со пола уста ми одговараа на прашањата и кога воопшто не беше заинтересиран продавачот дали јас ќе потрошам 3000 денари во нивната продавница или не, веќе не сум влегол во AMC.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Devil on 29.12.2011, Thursday, 07:00:18
абе не дека не чинат компјутерите
услугата на луѓето кој се во амц е катастрофа
а компјутерот како ќе се погоди 
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: stefanjanevski on 29.12.2011, Thursday, 10:08:53
Абе компјутерот како ќе се погоди, нема врска од каде е, еве мојот е од АМЦ досега не се жалам, ама затоа некој кога ќе ме праша од каде да купам PC, Нико и Сет отпаѓаат, значи кај се изгор скапи, поготово Нико, а и плус сервисите им се катанга. Поправка која трае два дена, и се ти е изгорено во компјутерот треба да се смени, го носиш дома машинана преде ;)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 29.12.2011, Thursday, 12:49:30
абе не дека не чинат компјутерите
услугата на луѓето кој се во амц е катастрофа
а компјутерот како ќе се погоди 
да да, ти како купувач нормално ке им речеш да ти стават јака плоча, јак ХДД, јака графичка. Ке ти го склопат сето тоа во куќиште што ке се распадне ако 10 пати го дигнеш и го преместиш од една до друга локација, и напојување кое на шкрги ке работи со тој процесор, графичка, марична и остало. Е по кратко време кога ке се појават проблемите и ако не знаеш дека е од напојувањето ке го однесеш на сервис и ке испадне дека прегорен е процесорот и дека мора нова плоча и се ново освен скапаното куќиште, ЦД ромовите и хард дисковите. Па ке ти речат мора да доплатиш иако ти е под гаранција....подобро не си играј руски рулет со купување на компјутер од тамо па така да ја тестираш среќата. не ризикувај најдобро.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: GigaWatt on 29.12.2011, Thursday, 13:49:53
Со Anhoch до сега сум имал најдобро искутво. Деловите се исти секаде, без разлика дали од Anhoch сум ги земал или не, ама ако ти се зезне нешто, само треба да отидеш до претставништвото на Водњанска, најчесто ќе добиеш ново, а и да не ти дадат ново, делот или PC-то ти е на сервис максимум ден или два, не и повеќе од тоа. Услуга на ниво, за се има гаранција, а и да нема гаранција делот, го употребуваат новиот закон за потрошувачи, односно дури и делот да нема гаранција, самата фирма мора да му даде 6 месеци гаранција.

А за тоа што рече batka, дека послениве неколку години има навситина бофал роба, во право е. Тоа е особено точно кај нас, кога брендови како Hantol и Gembird се de facto стандард за компјутерска опрема, а на светско ниво, истите се шљам. Тоа е тоа, гледајте ако можете да избегнувате производи од овие фирми, не знам дали сте отвориле некој производ од овие брендови, ама можам да ви кажам дека внатрешната изработка е блиску до катастрофа ::). Подобро купете нешто поскапо, дури и дупло поскапо, барем нема секој месец да го носите на сервис делот.

За Niko се сложувам дека се прескапи, ама сега, имаше еден период кога беа најевтина фирма во Скопје. Јас имам земено PC од Niko кое сеуште ме служи, ама го купив само поради тоа што беа единствени кои ги носеа плочите на Abit во МК, а можам да кажам дека еден период беа најдобри и најиздржливу плочи на пазарот, се додека на пропаднаа, штета :S. Подоцна, кога се појавија DualCore и Core2Duo плочите, и не беа нешто најбрзи плочите, па и нај „клокабилни“, како што сакаа да се рекламираат сами себе Abit, ама па затоа сеуште си го задржаа квалитетот, тој период, па и подоцна, до ден денешен, сите производители ги префрлија своите фабрики во Кина, само Abit ги оставија фабриките во Тајван ;). Претпоставувам дека затоа и пропаднаа, немаше начин да остане фирмата на врвот и притоа да има конкурентни цени со остантите производители, кога трошоците за производство во Тајван се сигурно поголеми од оние во Кина. Штета што сега нема некоја фирма како Abit, која сака да си држи некое ниво на квалитет и знаеш дека што и да земеш од нив ќе ти трае барем дупло повеќе од било кој друг ако купиш :S. Сега како добри замени би ги навел Asus и Gigabyte плочите, иако и кај нив во принцип важи правилото „како ќе ти се погоди“ :S.

За Set, немам некое лошо мислење, не се прескапи според мене, но немаат некоја квалитетна роба. Особено не лаптопи. Застапници се на Asus, така да, мораат да ги продаваат тие лаптопи, иако сите знаат дека Asus лаптопите и не се нешто баш нај нај, не се лоши, ама не се нешто WOW, класа повисоко се од Acer и некои други фирми, ама далеку се од Toshiba, Fujitsu-Siemens и Sony. Што знам, мене не ми оставиле некој лош впечаток, но не можам правилно да судам, не сум купувал од таму често, само сум купувал ако сум немал избор, или ако некој дел не сум можел да го начекам на друго место.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: ivica.s on 29.12.2011, Thursday, 13:50:21
Зависи како ќе се погоди комјутерот, а ако знаеш што сакаш и што ти треба, само составување дел по дел.  И нормално секој комјпутер си сака одржување, дефрагментација, регистри, непотребни фајлови и сл. Без ова на секој два месеци ќе треба да правите преинсталација.  :D

Исто не треба да се инсталираат програми кои не ги користите воопшто или ќе ви требаат еднаш на 6 месеци.  Колку повеќе програми, толку самиот оперативен систем е “позамрсен“ и нормално ќе биде понестабилен и побавен. Од фирмите за периферии само Logitech и Genius, се друго е фуш со исклучок на неколку други компании. Малку поскапо ама врвен квалитет. 
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: GigaWatt on 29.12.2011, Thursday, 13:58:37
Исто не треба да се инсталираат програми кои не ги користите воопшто или ќе ви требаат еднаш на 6 месеци.  Колку повеќе програми, толку самиот оперативен систем е “позамрсен“ и нормално ќе биде понестабилен и побавен.

Тоа важи само за Winodws, секој друг оперативен систем ги нема тие проблеми ;). Проблемот е самиот систем со регистри кој го има смислено Microsoft, тоа е најголемиот проблем, бидејќи најбитните подесувања за оперативниот системи, а и за најобична програма, се наоѓаат таму. Тоа е исто како да ставите расипани јаболка заедно со драви во иста кошница, на крајот, сигурно расипаните ќе ги расипаат и здравите ;). Проблемот е системот, треба назад да с евратис тариот систем, со подеесување со .ini фајлови ;), како што беше на Win95 ;). Сличен начин на зачувување на подесувањата за софтверот имаат GNU Linux едициите ;). Не знам што точно мислеле Microsoft со тој потег, но мислам дека не мислеле многу ;D, или мислеле премногу, едно од тие две ќе да е ;D.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 29.12.2011, Thursday, 14:04:43
Моето искуство е слично:
Анхоч имаат супер сервис и услугата е супер

Нико се пре-скапи и тамо не е за влегување, исто и ривер софт се скапи и тамо не е за влегување.

SET се нај евтината фирма. Мислам дека поевтина нема (ако грешам направете апдејт :) ) и сервисот им е супер, услугата е на ниво. Едино пофалба можам да дадам на СЕТ компјутери и за Анхоч... ма да СЕТ имаат предност во однос на цените.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Devil on 29.12.2011, Thursday, 14:27:24
мебиус последно врме ако купуваш на парче имаат прилично ефтини работи, и имаат богат асортиман, цените за некои работи им се поефтини од тие на сет
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 29.12.2011, Thursday, 16:16:25
Моето искуство е слично:
Анхоч имаат супер сервис и услугата е супер

Нико се пре-скапи и тамо не е за влегување, исто и ривер софт се скапи и тамо не е за влегување.

SET се нај евтината фирма. Мислам дека поевтина нема (ако грешам направете апдејт :) ) и сервисот им е супер, услугата е на ниво. Едино пофалба можам да дадам на СЕТ компјутери и за Анхоч... ма да СЕТ имаат предност во однос на цените.
Можеби треба да отвориме филијала во Скопје!?!?!  ;)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 29.12.2011, Thursday, 16:19:55
Моето искуство е слично:
Анхоч имаат супер сервис и услугата е супер

Нико се пре-скапи и тамо не е за влегување, исто и ривер софт се скапи и тамо не е за влегување.

SET се нај евтината фирма. Мислам дека поевтина нема (ако грешам направете апдејт :) ) и сервисот им е супер, услугата е на ниво. Едино пофалба можам да дадам на СЕТ компјутери и за Анхоч... ма да СЕТ имаат предност во однос на цените.
Можеби треба да отвориме филијала во Скопје!?!?!  ;)
да, ама со цени како во Велес за да има конкуренција.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 29.12.2011, Thursday, 16:29:07
Абе и да ги покачиме 20-25% ке бидеме најефтини.Скопјанишчава ептен претераа!! ;) ;) ;)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 29.12.2011, Thursday, 16:33:46
Абе и да ги покачиме 20-25% ке бидеме најефтини.Скопјанишчава ептен претераа!! ;) ;) ;)
Покачете колку што ке ве чини превозот и другите трошоци, а и нешто екстра може :) и самото тоа што ке ги привлечете муштериите и ке направите растур во споредба со другите ке биде дополнителен бенефит.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: ivica.s on 29.12.2011, Thursday, 16:59:22
Исто не треба да се инсталираат програми кои не ги користите воопшто или ќе ви требаат еднаш на 6 месеци.  Колку повеќе програми, толку самиот оперативен систем е “позамрсен“ и нормално ќе биде понестабилен и побавен.

Тоа важи само за Winodws, секој друг оперативен систем ги нема тие проблеми ;). Проблемот е самиот систем со регистри кој го има смислено Microsoft, тоа е најголемиот проблем, бидејќи најбитните подесувања за оперативниот системи, а и за најобична програма, се наоѓаат таму. Тоа е исто како да ставите расипани јаболка заедно со драви во иста кошница, на крајот, сигурно расипаните ќе ги расипаат и здравите ;). Проблемот е системот, треба назад да с евратис тариот систем, со подеесување со .ini фајлови ;), како што беше на Win95 ;). Сличен начин на зачувување на подесувањата за софтверот имаат GNU Linux едициите ;). Не знам што точно мислеле Microsoft со тој потег, но мислам дека не мислеле многу ;D, или мислеле премногу, едно од тие две ќе да е ;D.

Знам зошто е само со Windows случајот таков,  дипломиран информатичар сум.   ;D
Ама со оглед на тоа дека кај нас повеќе од 90 % е на Windows, затоа го напишав ова за инсталирање на програми.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: GigaWatt on 29.12.2011, Thursday, 17:32:02
Абе и да ги покачиме 20-25% ке бидеме најефтини.Скопјанишчава ептен претераа!! ;) ;) ;)

Не знам, јас на неколку места „си го имам муабетот“ со некои од вработените (другари ми се ;D), така да, ако отидам во некои од тие места, сигурно имам попуст на било што, а често и дилерски ;) ;D.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 30.12.2011, Friday, 08:47:51
Добро де,ке им даваме специјален попуст на тие што ке ја кажуваат шифрата МФЗЕ - македонски форум за електроника :D :D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: GigaWatt on 30.12.2011, Friday, 13:28:37
Добро де,ке им даваме специјален попуст на тие што ке ја кажуваат шифрата МФЗЕ - македонски форум за електроника :D :D

Така веќе може ;D.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: StefanJapanac on 02.06.2012, Saturday, 20:21:41
Јас сум повеќе за однапред склопен компјутер, но само ако е од добра фирма која во него ке стави брендирани делови. Исто така мислам дека повеќе ке се компатибилни деловите бидејќи тие сигурно го имаат тестирано компјутерот па нема да наидам на проблем кога ке го користам. Дома склопен компјутер нема да има гаранција плус ако не си искусен во склопување конфигурации може да не ги достигне перформансите за тие пари.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Devil on 02.06.2012, Saturday, 20:25:54
ќе има повеќе гаранција, секој дел кој ќе го купиш најчесто (ако е нов се разбира) има најмалку 1 година гаранција исто колку и склопениот компјутер, имаш поголем избор во зависност од тоа за што планираш да го користиш, доколку добро ги прочиташ спецификациите и можностите на деловите можеш многу лесно да провериш дали ти се компатабилни :)

плус многу поголем избор на тоа од каде земаш делови и некои дури ќе се поефтини во различни продавници што значи и помала цена :)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 02.06.2012, Saturday, 21:59:00
Јас сум повеќе за однапред склопен компјутер, но само ако е од добра фирма која во него ке стави брендирани делови. Исто така мислам дека повеќе ке се компатибилни деловите бидејќи тие сигурно го имаат тестирано компјутерот па нема да наидам на проблем кога ке го користам. Дома склопен компјутер нема да има гаранција плус ако не си искусен во склопување конфигурации може да не ги достигне перформансите за тие пари.

Веке склопен компјутер - мачка во вреќа! ;D Тоа е мамка за наивни и почетници.Ако сакаш да направиш компјутер,состави си на лист,прашај за цените,па удри рачун.Домашниот есап не излегува во продавница.Добар продавач ке те убеди да замениш,да го надградиш...Треба да знаеш колку пари имаш и да гледаш да добиеш што повеке за тие пари,Јас продавам компјутери и се трудам секогаш да ти понудам,да те убедам да купиш нешто поскапо ако гледам дека се одбираш.За почетници е лесно- играш или не играш игри!?  ;D И пазите на гаранцијата - сите работи мора да одговараат на вграденото,а исто гледајте ги и гарантните рокови.Не е исто матична од 3 или со 2 години гаранција.Исто важи за ХДД,меморијата... Пазите на оние финти * подарок* - * фирмата дава ДВД подарок!* Значи,гаранција нема!! ;D ;D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: toni_kaan on 03.06.2012, Sunday, 01:08:49
јас имам од Нико компјутер и сум презадоволен, веќе 7ма година како го имам и го користам секој ден до сега имам сменето само едно напојување  и тоа по моја грешка ми изгори пошто не го изгасив компјутерот и имам ставено уште една 512мб рам кој исто го купив од нико пред 2 години и сум задоволен ми дадоа и гаранција, а гледам во погорните коментари дека од нико се скапи компјутерите, можеби се скапи ама квалитетни се. И сега кога ке купувам компјутер ке земам па од НИКО од амц џабе да ми го даваат не го зимам. А кога ко носев на сервис за напојувањето за 1 ден ми се јавија да идам да го земам.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: DX-er on 03.06.2012, Sunday, 12:41:42
Сосема е во право Батка, и јас препорачувам или сам да си избереш што ке ставиш во куќиштето или пак купи компјутер кој е фабрички склопен и секако е марка.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: donis92 on 03.06.2012, Sunday, 13:44:16
а јас сум за настаро купен хахах да не се замараш од кај е купен и кој го склопил
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Zdravkovski on 03.06.2012, Sunday, 13:45:59
Quote
Сосема е во право Батка, и јас препорачувам или сам да си избереш што ке ставиш во куќиштето или пак купи компјутер кој е фабрички склопен и секако е марка.

Особено се сложувам со вториот дел од констатацијата денес имав прилика да отворам компјутер од марката COMPAQ и ако ги споредам со мојот кој е купен од маалска продавница разликата  е повеќе од очигледна, на бренд компутерите им давам предност во целост, а како мине времето ми станува јасно зошто кога влегуваш во продавница за копјутерска опрема те прашуваат за ’’ за што ќе го користиш компјутерот’’ - одговорете точно за да ви кажат што ви треба и да не се фрла пари за бадијала !
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 03.06.2012, Sunday, 18:16:56
Некои појаснувања за оние кои мислат да набават нов компјутер:
- Преслушајте се што сакате да работите,колку пари имате на располагање и потоа одите во продавница
- Видете прво што нуди фирмата.Многумина земаат каталог од повеке фирми ,па дома седнуваат ,гледаат,размислуваат и
прават планови.Значи,во продавница влезете веке подготвени.
- Прво прашање кое ке го добиете е : * За што ви треба компјутерот?* или * До колку пари планирате да потрошите?*.Ова второво прашање веке оди малку на можност * ако може за тие пари да ви дадеме нешто од нас скроено!* ;D
- Распрашајте се за можностите,перформансите и особините на деловите кои ке се вградуваат.Ако ви се нуди некоја бренд- конфигурација ,побарајте ја најслабата компонента - сигурно ја има - графичка,рам,матична и споредете ја со следната појака на изботот.
- Секоја компонента има свој гарантен рок! Не го заборавајте го ова -  важно е многу!! По закон ,на Гарантниот лист мора да е запишан серискиот број на вградениот дел и гарантниот рок.Кај нас стои и цената ( со и без ДДВ!).Ова е битно бидејки не е се исто дали земате матична со 2 години,ХДД со 1 година и РАМ со 3 години гаранција.Бренд-нејм  конфигурации обично имаат идентична гаранција на деловите ( освен напојувањето!)
- Најголем проблем е ако земате дел по дел- сте купиле пред 3 месеци матична,сега купувате ХДД,а планирате РАМ и ДВД да земете по 3 месеца.Некои фирми ке ви направат проблем ако при формирањето на компјутерот тој не проработи.Ке каже некој - како е можно!?? Можно е иако деловите се добри,нови исправни.Досега сме пишувале на Форумов дека некои графички и матични прават конфликт.Исто важи и ако ставате 2 РАМ мемории од различити серии и производители... Најдобро е наеднаш да ги земете деловите и веднаш некој да го склопи(ако вие не знаете!),најдобро  некоја фирма,а не комшија што се знае!! ;D
- Куќиште - верувајте највеќе копја се кршат тука - кога цела фамилија доаѓа да бира  компјутер ( читај - куќиште!!) тоа може со саати да трае.Сите кукишта со дадена цена се исти,само предната пластика е подруга.Гледајте УСБ и конекторите за звук да се повисоко за полесно да се снаоѓате.Прашајте дали на вашата избрана плоча предните конектори за слушалки и микрофон ке работат ( некои плочи не го поддржуваат тоа!!).
- Избор на монитор - освен големината ретко се гледаат некои перформанси.Тие и онака се слични,па малку се посветува на мониторот,освен на изгледот.
- На крај,ако немате маса за компјутерот - направете си пред да го купите.Сами или кај професионалец,готова - пазите ,ако работите со десна рака - гледајте кукиштето да ви биде на десната страна од вас поставено! Не е смешно,бидејки мајсторите воглавном тераат по свое.Смешно ке биде ако отпосле дојдете да барате * продолжен кабел за глушец и тастатура* бидејки мајсторот ви ја определил левата страна да биде за кукиштето,па ви треба барем уште метро кабел за глушецот да стаса на вашата десна рака.Исто важи и за тастатура,УСБ хаб итн.
- На крај- звучниците кои ги добивате  со компјутерот не се некој квалитет - имате од оние кои се приклучуваат постојано во напон 220 V и греат,.Ако имате можност да бирате земете си од оние кои се напојуваат од УСБ портот,па со исклучување на PС-то се исклучуваат и тие.
Ова се само дел од проблемите со кои би се сретнале.Извинете ако нешто пропуштив! :D :D ;D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: borisq10 on 03.06.2012, Sunday, 20:39:42
Јас гласав за компјутер дома склопен.. пред 5 години си зедов конфигурација која ја земав дел по дел и сам си го склопив.. го зедов од грција од (plaisio), многу работи имам од тамо купуваво .. до сега се што имам купено сум презадоволен.. имаат на работите 3 години гаранција, кога го земав компјутерот после некое време имав проблем со едниот рам го вратив и само ме прашаа во што е проблемот со рамот хардверски проблем или софтверски јас имав софтверски проблем и веднаш ми го сменија без никаков проблем  :) :) зедов лаптоп од амц еве го се расипа и ми бараат минимум 150 евра за поправка на екранот и реков никој пат повеке нема да купам работи од македонија  :)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Devil on 03.06.2012, Sunday, 20:44:15
не да не купваш од македонија, него немој да земаш од амц пошто се тешки преваранти :D
сличен проблем имав и јас со нив ;)
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Hahahaha on 03.06.2012, Sunday, 20:59:43
не да не купваш од македонија, него немој да земаш од амц пошто се тешки преваранти :D
сличен проблем имав и јас со нив ;)

Зашто толку ги вреѓате АМЦ ??? Јас купив од АМЦ пред 3 години, еве го ПЦ-то буши, гајле нема, се нема рестартирано откако го имам вградено, систем ми нема паднато, три години користам 7-ца нема паднато. Не знам зашто толку против нив.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Devil on 03.06.2012, Sunday, 21:21:25
зато што се неписмени тоа вработените што ги имаат, сите се со вујко чичко вработени и ни 2 грама незнаат што продаваат, поточно знаат она што го пишува во каталогот повеќе ништо!
затоа што не се грижат за клиентите, влегуваш во продавницата тие собрани на куп и справат муабет ако идеш да прашаш нешто му се чини да те натепаат.
За техничката служба која врши сервисирање да не правиме муабет пола од нив преваранти, му носам лаптоп го враќам со помалку делови од претходно, ако идеш да се буниш ти викаат нема ништо сменато се си е како што беше !
или пак како што ми направија мене однесов уред под гаранција за сервисирање после 2 месеци чекање појдов им го зедов, него ни пратија на сервисирање кај што го оставив од таму го зедов со 2 прсти прашина на него!!!

е затоа не ги сакаме амц, и плус цените им се нафурани в крај
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 03.06.2012, Sunday, 21:24:49
Проблемот со делови од странство е посебна приказна! Исто и со лап топи.Гаранција кај нас не важи,а си имал ти среќа што ти го вратиле делот.Јас препорачувам да купувате во најблиската продавница,токму поради гаранција,кварови ,интервенции,Ајде оди два -три пати до Грчка ако се јави проблем.:!?? Каде е сметката? Или некои што од пример Велес купуваат за исти пари во Скопје!? Не велам од мене да купуваат,ама едно одење до Ск е минимум 1000 ден.Значи го носиш,па го земаш - 2000 ден.Која е рачуницата? АМЦ можам да речам дека имаат очаен сервис,така што иако имаат продавница во Велес ,ние ги сервисираме и нивните нови компјутери,бидејки за обична преинсталација кај нив се чека минимум 7 дена,па муштериите не сакаат да чекаат толку и одат на друго место.Кај нив цените се можеби пониски на старт,ама ако се јави проблем...со среќа! ;D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: borisq10 on 03.06.2012, Sunday, 22:03:52
јас сум од гевгелија, солун ми е на 80 километри..  ;D така да, да одам до ск за 1 дел и незнам дали ке има гаранциа или ако има дали ке ми важи ако нешто се деси..  така да поубаво ми е од грција затоа што знам дека гаранциата важи и над 100 или 150 евра ми враќаат фипиаи 19% зависи и до продавницата може да има и 21%.. на 200 евра -19% ми излегува 162 евра  ;D ;D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: batka on 03.06.2012, Sunday, 22:07:52
Од мои извори знам дека Солун е барем 30% поскап кога се работи за компјутерски делови,а второ ако те насетат дека си од МКД, не враќаат ништо батка.Многу Велешани се усреќиле со техничка стока што таму ја купиле,ама твое си е.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: alokin on 06.06.2012, Wednesday, 13:50:08
Дефинитивно дома склопен... некои компоненти во некои продавници се поефтини, па ќе се заштеди нешто :) тоа е главната причина а и чуството е друго кога сам дел по дел ќе го склопиш  ;D
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: triology on 07.06.2012, Thursday, 22:46:06
Јас пред 4 години кога купував делови од Солун , беа 30% поефтини од кај нас и си го вратив ддв-то без никаков проблем.И дефинитивно кога ке купувам нареден пат делови за пц ке купувам од таму.
Title: Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
Post by: Z31GH on 08.06.2012, Friday, 00:52:26
Јас секогаш Custom! Од кога памтам сам си склопувам компјутер. Не дека некој ќе ме зае*е, ама јас мислам дека сум добар хардвераш. Никогаш не штедам пари ако сакам да купам добра машина. Последниот десктоп компјутер беше купен во 2003 година и беше лично од мене конфигуриран и тоа:
CPU:Pentium 4.....2,4ghz Hypertrading
MB: Asus p4p800-VM
Ram: 4 Gb
графичка карта беше многу добра не знам сега која беше, ама покасно ја сменав и ставив Sapphire Atlantis Radeon 9800 PRO Ultimate Edition 256MB

Ова беше компјутер што го работев до лани, знам дека до пред 4 години ја играше скоро секоја понова игра и ги шиев тогаш до 2009 година и поновите просечни компјутери. Ова беше нуклеарна машина.

Компјутерот цркна и повеќе не проработе, кога испитував дел по дел, сите витални делови не работеа, значи процесорот, рамот, графичката, и плочата, сите ги пробав на друг компјутер ама не работеа. Како и да е јас сум задоволен.
Јас пак сега правам листа за конфигурација, и најверојатно ќе кошта многу.

Пред се обратете внимание на матичната плоча, оти не ги пишат во понудите и ако сакате добар компјутер ако сте навлезени малку повеќе во тоа, направете си сами конфигурација