Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: Baze on 25.04.2011, Monday, 17:20:53

Title: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Baze on 25.04.2011, Monday, 17:20:53
Еве еден доста квалитетен засилувач.Тој што ќе го направи нема да погреши.
ПРОВЕРЕНО!!!

(http://img541.imageshack.us/img541/252/200wzasiluvac.jpg)

(http://img407.imageshack.us/img407/6297/121303758043.jpg)

(http://img15.imageshack.us/img15/3332/111303757978.jpg)


Споено мислење: [time]25 Април 2011, 16:22:44[/time]
Заборавив...погоден е за профи апликации.Доста издржлив засилувач и секако моќен.Доколку ви треба поголема снага, додадете некој пар на излезни транзистори...
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: izotop on 25.04.2011, Monday, 20:04:18
Ова е еден од засилувачите на Randy Slone во неговата книга High power  amplifier construction .
Дали си го направил и слушнал.
Како ќе го опишеш неговиот звук (направи субјективна споредба со некој познат засилувач ) и дали имаш ПЦБ за него.
те прашувам затоа што сакам да го изработам .
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Baze on 25.04.2011, Monday, 20:49:38
Точно, ова е дизајн на Randy Slone. Да, сум го направил засилувачот но немам слики да ставам од него. Оцената на овај засилувач според мене е чиста 5-ка. Има одличен звук и мн мали изобличувања авторот во својот дизајн кажува дека изобличувањата се о.оо8%.Секако овој засилувач одлично се однесува и во домашни  HI-FI апликации.Сега ме праша со кој засилувач можам да го споредам, па можам да го споредам со помоќните серии на ротел.Исто можам да кажам дека и КОРАТО користи слични изведби, потоа фирмата CROWN користи слични изведби секако во многу моќни апликации (до 600 вати рмс на 8 ома) и истата таа фирма ги вградува своите засилувачи во активните мискети на спирит...тоа е тоа од мене  :)

Споено мислење: 25.04.2011, Monday, 21:00:11
(http://pic.mk/thumbs/111303757978.jpg) (http://pic.mk/?v=111303757978.jpg)


(http://pic.mk/thumbs/121303758043.jpg) (http://pic.mk/?v=121303758043.jpg)
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: ShAdOw on 25.04.2011, Monday, 21:14:51
Многу добар засилувач Baze :), ја разгледав шемата и стварно одлично изгледа :), кој ќе го изработи нема да зажали ;).
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: izotop on 25.04.2011, Monday, 21:20:20
Ќе ти подосаѓам уште малку пошто ме заинтересира.
Колкава ватажа ќе даде по тебе со напојување +/- 55 волти,
Колкава е мирната струја на која треба да биде наштелуван .
И дали според тебе ќе можам да ги заменам драјверските и излезните транзистори со некои од типот мје15030 односно 2сц5200 без измени во шемата.
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Baze on 25.04.2011, Monday, 22:06:52
На 4 ома ке добиеш околу 200 вати рмс.Најчесто, кај сите подобри засилувачи за секој пар на излезни транзистори се добиваат по 100 вати рмс како што е и тука случај.Мирната струја ја подесував со мерење на ДЦ напон на излез, односно правев промени на тримерот додека на излез не добив напон најблизок до нула(напонот не смее да е повеќе од 200 миливолти).За прашањето дали може излезните транзистори да се заменат со 2сц5200, одговрот е не
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: izotop on 25.04.2011, Monday, 22:24:05
Баже веројатно се префрли на офсет напонот на излез тој се подесува со П1 тримерот , јас те прашав за струјата на мирување која во даденава ситуација се подесува со тримерот П2 . ?  ;)
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: GigaWatt on 25.04.2011, Monday, 23:00:05
Еве се заедно спакувано ;).
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Delija on 26.04.2011, Tuesday, 11:51:28
На 4 ома ке добиеш околу 200 вати рмс.Најчесто, кај сите подобри засилувачи за секој пар на излезни транзистори се добиваат по 100 вати рмс како што е и тука случај.Мирната струја ја подесував со мерење на ДЦ напон на излез, односно правев промени на тримерот додека на излез не добив напон најблизок до нула(напонот не смее да е повеќе од 200 миливолти).За прашањето дали може излезните транзистори да се заменат со 2сц5200, одговрот е не

Транзисторите слободно можат да се заменат со парот 2SC5200/2SA1943 (MJ15003/MJ15004), значи одговорот е да!! ;) Само треба да се внимава на поларитетот при поврзувањето!!? :o
Инаку појачалцево од Ренди сосема е ОК!!! ;) :) :)
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Bojan on 26.04.2011, Tuesday, 13:23:12
На 4 ома ке добиеш околу 200 вати рмс.Најчесто, кај сите подобри засилувачи за секој пар на излезни транзистори се добиваат по 100 вати рмс како што е и тука случај.Мирната струја ја подесував со мерење на ДЦ напон на излез, односно правев промени на тримерот додека на излез не добив напон најблизок до нула(напонот не смее да е повеќе од 200 миливолти).За прашањето дали може излезните транзистори да се заменат со 2сц5200, одговрот е не

Транзисторите слободно можат да се заменат со парот 2SC5200/2SA1943 (MJ15003/MJ15004), значи одговорот е да!! ;) Само треба да се внимава на поларитетот при поврзувањето!!? :o
Инаку појачалцево од Ренди сосема е ОК!!! ;) :) :)

е ај де не штеди букви и кажи како се штелува мирна струја.....
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: izotop on 26.04.2011, Tuesday, 14:26:04
Јас се понудувам накратко да ја објаснам процедурата за штелување на мирна струја (по мое) .
На почеток ќе напоменам дека јас не сум професионалец ,меѓутоа вака како што сум ја применувал процедурата досега ми давала одлични резултати . Слободно можете да ме исправите или надополните доколку сметате дека нешто е погрешно или неточно (тоа е и една од целите на Форумов).Бидете стрпливи кошта нерви и пари преправката ако  ви прегори од невнимание.
На почеток пред да ја вклучам плочката во струја задолжително предходно го тестирам напојувањето односно ги проверувам напоните од напојувањето и уште неколку пати визуелно ја проверувам плочката со сите елементи.
На сите почетници им препорачувам пред да го вклучат засилувачот во струја да замолат некој поискусен да ја погледне плочката уште еднаш (различни очи различни грешки гледаат ;)).
Доколку се е во ред  на позитивната и негативната периода + и - лемам по еден осигурувач од 0.5 ампери . (немам многу доверба во истиот но е подобро со него отколку без него .
Потоа сериски лемам на + и - по еден отпорник од 10 оми 1/2 ват  или 10 до 20 оми 10 до 20 вати . Во првата варијанта доколку нешто не е во ред со засилувачот тој ќе повлече големи струи и ќе се појави пад на напонот на отпорниците кои ќе прегорат и  ќе го заштититат засилувачот од прегорување.
Во вториот случај да употребите помоќни отпорници тие многу ќе се загреат што е знак дека ќе морате веднаш да го исклучите напојувањето.
Значи пред да ја вклучите струјата покрај отпорниците и осигурачите морате да поврзете  и волтметар на излезот во подрачје од неколку волти и да го краткоспоите влезот на засилувачот како и да го подесите тримерот за штелување на мирната струја на средина.
Во секој момент бидете спремни да го исклучите засилувачот додека го следите волтметарот ако истиот ви покаже напон поголем од да кажеме 200 миливолти .
Ако е се во ред односно волтметарот покажува напон помал од 200 миливолти во првите неколку секунди  односно не прегорат осигурачите  исклучете го од струја и со допир проверете ги излезните и драјверските засилувачи дали се загреани .
Ако е се во ред  ќе ви биде потребен уште еден унимер во подрачје 20 волти и тој паралелно ќе го приклучите на едниот од отпорниците од 10 оми односно падот на напонот на отпорникот од 10 оми ќе ви го покажува во волти според омов закон така да 100 милиампери на волтметарот ќе ви ги покажува како 1 волт.
Вториот начин е да го ставите унимерот сериски на местото од еден од отпорниците и тоа дирекно да мери ампеража (не го препорачувам).
Потоа пак ќе го вклучите засилувачот во струја и ќе го оставите да се стабилизира неколку секунди па ќе го вртите триметрот за подесување на мирната струја многу внимателно .
Ако мирната струја на засилувачот вкупно треба да биде пример 100 милиампери тогаш на едната периода каде што ви е поставен унимерот треба да има 50 милиампери односно волтметарот ќе ви покаже 0.5 волти . Наштелувајте ја вредноста на малку помалку од предвиденото и оставете го да се загрее некоја минута .
Нонстоп следете ја температурата на ладилникот и мирната струја на волтметарот ако се зголеми многу (приближно 50 степени се топло на допир без да можите да го држите ладилникот) исклучете го засилувачот и ќе морате да ја намалите мирната струја или да го замените ладилникот со поголем.

Потоа истата процедура ќе ја повторите откако ќе се олади со тоа што ќе го оставите вториот пат да загрее подолго време (следејќи ја мирната струја и температурата )
Идеално е ако ладилникот без приклучен сигнал не подигне повеќе од 10 степени од почетната (собната температура ).
Ако мирната струја е многу висока како во некои проекти дури по 1 ампер не очекувајте дека ќе си поминете со ефтин мал ладилник (или ќе треба го ладите со вентилатор).
Потоа можете да вклучите сигнал .
секако мора да се извадат отпорниците и осигурачите да ги замените со некои од типот 3.15 ампери .

заборавив да напоменам дека пред да ј штелувате мирната струја треба да го наштелувате офсетот односно она што го објасни Баже.
Постапката за офсетот нека ја објасни некој друг молам , се изморив од куцање;D
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: LordZi on 26.04.2011, Tuesday, 14:47:53
Добро објаснето, и јас ја применувам истата постапка за штелување мирна струја ;) :).
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Bojan on 26.04.2011, Tuesday, 15:05:05
супер објаснето, до сега не сум се расправал со засилувачи и мирни струи, ама па многу научив од ова за ако ми затреба за понатаму....а може и да се поврзуваат и други уреди како што пиша ти со отпорниците ....
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: izotop on 26.04.2011, Tuesday, 15:22:41
Да отпорниците се голема заштита практично и неможе да ти прегори засилувачот .
Ја суште еднаш ќе препорачам превенција одколку заштита односно проверете ја плочката и секој елемент пред да го залемите ако треба и по пет пати , многу подобро е така одколку да барате грешки.
се разбира шемата мора да биде проверена.
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: GigaWatt on 26.04.2011, Tuesday, 15:35:05
...a може и да се поврзуваат и други уреди како што пиша ти со отпорниците ....

Да може, на пример излезен транзистор за хоризонтален степен во телевизори, се врзува за колекторот еден отпорник од 10 ohm 1/4W. Ако изгори отпорникот веднаш по вклучувањето на телевизорот, најверојатно транзисторот е зезнат и/или некоја околна компонента која го зезнала транзисторот. Ако е се ОК, отпорникот ќе грее многу, но нема да изгори, барем не ако на цел екран нема бело (бела боја низ цел екран) ;).

Поставување на отпорник во колектор на транзистор како мерка за заштита е доста применувана процедура од страна на сервисери, па и поискусни аматери, инженери... во принцип сите кои знаат зошто е поставен таму отпорникот ;).
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: batka on 26.04.2011, Tuesday, 16:48:34
Izotop се измори од куцање ,а јас на кратко да кажам: прво мерете ги двете гранки(ако е симетрично напојување!) омски према маса,без вклучен исправувач,на суво. Отпорноста во никој случај под 100 ома не смее да биде!! Некој ке рече - не е така правилно! ,ама функционира.Двете гранки треба приближно иста отпорност да имаат!!! Тримерот за мирната струја нека биде на максимум,влезот кратко споен кон масата и волтметар место звучник.Прво се подесува мирната струја со милиамперметар во коло на колектор на еден излезен транзистор. Полека намалувајте го отпорот и ке добиете некоја вредност која ке биде во граници 20-60 мА,зависи од појачувачот.Ако се друго е исправно -а излазите греат,висока е мирната струја ,па смалете ја! Ако е премала мирната струја - појачувачот на мала сила ке има изобличување!! Значи ,балансирајте со струјата во коло на колекторите!
Оффсет напонот во поголем број појачувачи се решава преку диференцијален влез и отпорници.На влезот има два симетрични ,мали по јачина транзистори кои *го делат* напонот во две гранки.Ако е влезот со ИК обично на оп.појачувачи ( 741,ТЛ о71....) меѓу пиновите 1 и 8 се става тример и со него се подесува офсет напонот.Кај симетрично напојувањето е полесно,особено ако е добро симетриран напонот на исправувачот.Во секој случај,волтметарот е најдобро да биде близу нулата!! Големиот оффсет напон се препознава по брумот и флатерот( мало треперење) на самиот звучник.Проблем е кај директно спрегнат звучник без излезен кондензатор.Од искуство иако нема понекогаш ставам електролит од 1000-2200 мФ сериски со звучникот,Оффсет напонот се редуцира и со додавање на паралелен отпор пред излезниот електролит и филтерот кој спречува самоосцилирање ,а се состои од отпорник десетина оми и блок кондензатор од 0,1-0,22 МФ.Некој рече дека овој филтер се вади и нама проблем.Јас лично не вадам такви филтри ,бидејки има ефект кај повекето конструкции,особено на повисоките фреквенции.
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Baze on 26.04.2011, Tuesday, 17:22:47
Ехеее си се изнапишал  :).Не бев во можност да ти вратам на постот.Инаку и јас работам на тој начин односно со отпорниците.Мирната струја на засилувачот мислам дека беше околу 50 милиампери
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: izotop on 26.04.2011, Tuesday, 19:22:13
фала Баже
Title: Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
Post by: Baze on 26.04.2011, Tuesday, 21:41:26
нема проблем  ;)

Споено мислење: 26.04.2011, Tuesday, 21:43:12
инаку, браво за објаснувањето за нагодување на мирната струја.За оние што не знаеле, ќе биде супер...