Јас се понудувам накратко да ја објаснам процедурата за штелување на мирна струја (по мое) .
На почеток ќе напоменам дека јас не сум професионалец ,меѓутоа вака како што сум ја применувал процедурата досега ми давала одлични резултати . Слободно можете да ме исправите или надополните доколку сметате дека нешто е погрешно или неточно (тоа е и една од целите на Форумов).Бидете стрпливи кошта нерви и пари преправката ако ви прегори од невнимание.
На почеток пред да ја вклучам плочката во струја задолжително предходно го тестирам напојувањето односно ги проверувам напоните од напојувањето и уште неколку пати визуелно ја проверувам плочката со сите елементи.
На сите почетници им препорачувам пред да го вклучат засилувачот во струја да замолат некој поискусен да ја погледне плочката уште еднаш (различни очи различни грешки гледаат
).
Доколку се е во ред на позитивната и негативната периода + и - лемам по еден осигурувач од 0.5 ампери . (немам многу доверба во истиот но е подобро со него отколку без него .
Потоа сериски лемам на + и - по еден отпорник од 10 оми 1/2 ват или 10 до 20 оми 10 до 20 вати . Во првата варијанта доколку нешто не е во ред со засилувачот тој ќе повлече големи струи и ќе се појави пад на напонот на отпорниците кои ќе прегорат и ќе го заштититат засилувачот од прегорување.
Во вториот случај да употребите помоќни отпорници тие многу ќе се загреат што е знак дека ќе морате веднаш да го исклучите напојувањето.
Значи пред да ја вклучите струјата покрај отпорниците и осигурачите морате да поврзете и волтметар на излезот во подрачје од неколку волти и да го краткоспоите влезот на засилувачот како и да го подесите тримерот за штелување на мирната струја на средина.
Во секој момент бидете спремни да го исклучите засилувачот додека го следите волтметарот ако истиот ви покаже напон поголем од да кажеме 200 миливолти .
Ако е се во ред односно волтметарот покажува напон помал од 200 миливолти во првите неколку секунди односно не прегорат осигурачите исклучете го од струја и со допир проверете ги излезните и драјверските засилувачи дали се загреани .
Ако е се во ред ќе ви биде потребен уште еден унимер во подрачје 20 волти и тој паралелно ќе го приклучите на едниот од отпорниците од 10 оми односно падот на напонот на отпорникот од 10 оми ќе ви го покажува во волти според омов закон така да 100 милиампери на волтметарот ќе ви ги покажува како 1 волт.
Вториот начин е да го ставите унимерот сериски на местото од еден од отпорниците и тоа дирекно да мери ампеража (не го препорачувам).
Потоа пак ќе го вклучите засилувачот во струја и ќе го оставите да се стабилизира неколку секунди па ќе го вртите триметрот за подесување на мирната струја многу внимателно .
Ако мирната струја на засилувачот вкупно треба да биде пример 100 милиампери тогаш на едната периода каде што ви е поставен унимерот треба да има 50 милиампери односно волтметарот ќе ви покаже 0.5 волти . Наштелувајте ја вредноста на малку помалку од предвиденото и оставете го да се загрее некоја минута .
Нонстоп следете ја температурата на ладилникот и мирната струја на волтметарот ако се зголеми многу (приближно 50 степени се топло на допир без да можите да го држите ладилникот) исклучете го засилувачот и ќе морате да ја намалите мирната струја или да го замените ладилникот со поголем.
Потоа истата процедура ќе ја повторите откако ќе се олади со тоа што ќе го оставите вториот пат да загрее подолго време (следејќи ја мирната струја и температурата )
Идеално е ако ладилникот без приклучен сигнал не подигне повеќе од 10 степени од почетната (собната температура ).
Ако мирната струја е многу висока како во некои проекти дури по 1 ампер не очекувајте дека ќе си поминете со ефтин мал ладилник (или ќе треба го ладите со вентилатор).
Потоа можете да вклучите сигнал .
секако мора да се извадат отпорниците и осигурачите да ги замените со некои од типот 3.15 ампери .
заборавив да напоменам дека пред да ј штелувате мирната струја треба да го наштелувате офсетот односно она што го објасни Баже.
Постапката за офсетот нека ја објасни некој друг молам , се изморив од куцање;D