Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: BorceBT on 20.01.2010, Wednesday, 01:42:47
-
Многу пати е потребно од некој обичен стерео сигнал да извадите посебен сигнал за вашиот активен сабвуфер дома или во автомобилот. На следната шема е прикажана напредна свртница (филтер) наменет за сабвуфер кој ги има следните важни карактерискити:
1. Ги сумира левиот и десниот канал од стерео сигналот;
2. Се подесува максималната фрекфенцијата на работа на сабвуферот (cutoff frequency);
3. Се подесува фазата на сигналот кој доаѓа на сабвуферот (екстремно важно, поготово во автомобил но 90% од шемите што можат да се најдат на интернет го немаат ова подесување);
4. Излезното ниво (Volume) на сабвуферот засебно.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=450.0;attach=129)
На шемата се употребени две интегрирани кола од типот LM324 кое содржи по 4 средно квалитетни операциски засилувачи но вие можете да користите и поквалитетни како на пример NE5532 (по квалитетни 2 засилувачи во чип) или NN5534 (само еден многу квалитетен засилувач во чип).
-
Јас има радио за во кола кое има излези 4x50 W. Во колата имам 4 звучници но поврзани ми се 2 x 2 т.е предниот и задниот лев заедно и предниот и задниот десен заедно. Значи се искористени само 2 излези од радиото. Дали со спојување на 2 со 2 излези од радиотo се собира мокноста (50W+50W) па потоа се носат на паралелно споените звучници? Е сега како што моментално (ми остануваат уште 2 излези од радиото) со оваа шема на сабвуферот ке добијам 100W?
-
Прво значи, малку е надвор од темата но да шемата за сабвуфер може најдобро да се употреби за во кола но шемата работи на низок (линиски) сигнал (не е пасивна свртница што се става на излезот за звучниците туку е активна и мора да се стави пред засилувачот). Бидејќи немаш пристап до засилувачот внатре во радиото ова е наменето за луѓе кои би ставиле надворешен моќен засилувач во автомобилот (или дома).
Околу прашањето за моќноста... не, не значи дека ако ги поврзеш излезите паралелно ќе ја дуплираш снагата, напротив може дури да го оштетиш радиото. Нема начин да ја зголемиш снагата, направиле радиото да е моќно колку што можеле на 12V.
Тоа што си ги поврзал паралелно 2х2 звучници на предните излези ти е океј бидејќи само тогаш може да ја добиеш напишаната снага на радиото (4х50W), во твојот случај имаш 2х50W. Значи тоа радио е 50W од излез на 2ома звучник или на 2 паралелно од по 4 ома (како кај тебе). Истиот излез на 4 омски звучник дава околу 22W. Ако сакаш да го извадиш максимумот од тоа радио ќе ти требаат уште 4 звучници за да ги поврзеш 2х2 на останатите (задни) излези меѓутоа на што ќе личи тоа кола со толку звучници не знам :)
-
значи за да се користи NN5534 потремни се 7 чипови,и колкава е максималната фрекфенција,
-
4 ќе ти требаат по 2 операциони во куќиште се :D
-
а дали ке треба да се додаде уште некој елемент,затоа што планирам да користам единечно напојување,тоест автомобил кога би користел LM324?
-
Мислам дека нема да има потреба од додавање
не сум сигурен само на што напон работи колото :D
-
На шемата гледате дека работи на единечен напон + и маса а не на симетричен (плус минус и маса) но некој треба да го направи и да каже дали работи или не. Ако не ќе направиме модификација за да работи :)
-
нацртав ППК утре одам да набавам елементи,деновиве ке дознаеме дали шемава функционира или не.
-
Одлично, едвај чекам бидејќи и мене за во колата ќе ми треба баш ваква свртница. Доколку не работи ќе пробаме да ја поправите шемата накнадно, засега те чекаме за тест :)
-
хехе јас ја правам за проектна задача,ке се користи на TDA1562Q а потоа право во кола.
-
епа ајденаправија ако работи
ја правам и ја и моето појачало го ставам у кола ;)
-
Што стана какви се резултатите.дали успејавте да го направите.ако работи ве молам кој има ППК да стави слика
-
го изработив филтеров,заедно со засилувачот но кутијата не ми е готова така да неделава треба да биде.
-
прекрасно е изработен филтерот од двај чекам да проработе :P и да го правам и јас
-
ај ако некој има слика за ППК да ми ја испрати на маил
-
еве ППК,ја цртав во PCB,плочката е со димензии 6cm X 12cm
http://rapidshare.com/files/389262123/LP_filter_active.pcb.html
-
Ја имам инсталирано PCB Desiner но никако да го отворам фајлот.....Corrupted file or unknown record file
Споено мислење: 19.05.2010, Wednesday, 21:58:19
која друга програма мозе да го отвори овој фајл
-
јас ја правев во PCB Wizard 3.50 Pro Unlimited,пробај со ова ти гарантирам дека ке ја отвори
-
фала ти мн. сега ја отвори..кои интегралци ги користеше за да знам што да купам оти гледам се дискутира дека интегралните мозе да се променат
-
користам ST LM324N,еве слики од уредот
(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_1951.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_1951.jpg)(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_1952.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_1952.jpg)(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_1953.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_1953.jpg)(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_1955.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_1955.jpg)(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_1954.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_1954.jpg)(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_1950.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_1950.jpg)
-
прекрасно изработено.немам зборови.мн. си близу до совршенство.на едната слика се гледа дека го правиш и тда1562.дали го вгради во колата и каков е звукот
-
не го немам вградено во кола,некое време ке го слушам дома,дур не донесам инсталација позади во гепек,иначе појачалото дава солиден звук за тие пари ;D
-
Стварно прекрасно изработено... ;) Плочката на кој начин ја печатиш?
-
тонер трансфер но на хартија од календар,најдобри резултати досега!
-
прекрасно е изработено имав можност во живо да го видам :P
само да го истестира па ако е добро одма го правам
-
А дали може нешто да кажете за работата на уредот, дали се однесува како што треба, дали работи добро, дали реагираат како што треба подесувањата со тримерите и слично?
-
сеуште ја немам пробано,во фторник ке ја однесам во школо,имам инструметни ке ја пробам.
-
сеуште ја немам пробано,во фторник ке ја однесам во школо,имам инструметни ке ја пробам.
а бе колега...Вторник... ;D
-
добро де се дешава ???
-
Не е битно, битно се разбираме ;). Не е ова форум за Македонски јазик и литература, хахахахаах ;D ;D ;D.
Мада би било убаво ако се запазува на такви работи ;).
Sorry за off-topic муабет.
-
тонер трансфер но на хартија од календар,најдобри резултати досега!
мислис на оние календари што се отстранува по еден лист секој 3 месеци (печатиш на празната страна од листот) добра идеа само да мозесе накако да се испечати со инк јет печатар ке беше супер
-
неможе со обичен сум пробал,ништо не излегува,ако ти е добар принтерот моеш на обичен па да одиш да ти го фотокопираат на мрсен лист.
-
има една финта, ама треба да си го расипите печатарот
треба да направите да плочата ај прима наместо лист, ќе треба да се преуреди печатарот, со тоа печатте директно со инџет на плоча, после плочата ја ставате во релна убаво да исуши бојата па после дури ја ставате во раствор да се нагризува, гледајте на нет ќе најдете повеќе инфо
-
Го имам гледано тоа на нет ама не ми се расиува печатарот
-
Има тема за правење на плочки не одете надвор од темата, моментално не интересира дали и како работи свртницата.
-
кондензаторите од последните два засилувачки степени дали се изразени во микро или во нано фаради..прасувам бидејки нема никаква ознака
-
чим вредноста е изразена на приемр 0,1 0,0015 тогаш вредоста е во uF.а ако е на пример 22-6KV тогаш вредноста се чита во пико.
-
чим вредноста е изразена на приемр 0,1 0,0015 тогаш вредоста е во uF.а ако е на пример 22-6KV тогаш вредноста се чита во пико.
аха значи микро фаради.Дали направи тестови денес на осцилоскоп да видис какви карактеристики има филтерот.се припремам да го направам и јас земав интегралци ептен биле е ефтини.сега прибирам пасивни компоненти
-
денес имаше ептен работа на пракаса,(еден куп неисправни појачала)така да немав време да го измерам.
-
не да имаше појачала за поравање но утре ке пробаме да го измериме
-
Денес ја изработив плочката.Бушејки ја забелезив дека нема ни еден кондензатор за да се стабилизира напонот на пример 1000 микро и 100 нано.од што го напојуваш уредот дали ке треба да изработам и стабилизатор (7812 ,7809 или ЛМ 317 )
-
каков извор ке користиш,не би било лошо да се стави едно 7812.
-
Нема кондензатор за стабилизација (мислеше филтрација :) ) бидејќи е наменето за во автомобил, таму има акумулатор кој делува како голем кондензатор :)
-
Планирам едно за во автомобил а друго за дома да изработам.сепак ке ставам еден електролит и еден од 100 нано има простор на плочката
Споено мислење: 28.05.2010, Friday, 17:16:16
Онаа за во кола ке му ставам стабилизатор од 9 волти (7809) ке стабилизира и ке го штити акомулаторот од празнење.Штом падне напонот под 11.5 волти ке падне напонот на активниот филтер и нема да го побудува засилувачот.
-
сега работам на филтерот.дојде до некој несогласувања во вредностите на кондензаторите во шемата и плочката.кондензаторот Ц1 од селектион Е во шемата писува дека е 22нано а додека на плочката пишува 1 микро.истото се случува и на пхасе цонтрол.одговори побрзо те молам
-
дриже,деловите не ми се онзачени во pcb wizard,така да треба да одиш по шемата.
-
на колку волти го напојуваш.Цел ден пробувам и сега заклучив дека колото работи од 3-4 волти
-
како заклучи дека работи на толку?
-
кога му ставам 12 волти на илзез добивам само брмчење.кога го напојувам со 6-8 волти се разместува фреквенцијата односно се добиваат и средни на излез.кој е твојот совет на колку даго напојувам или пак некоја греска имам.Во датасхетот процитав дека мозе да се напојува од 3-32 волти
-
грешка некоја имаш
-
веке 24 цаса го тестирам и се на полосо иде
-
имаш грешка, провери се убаво да не го дорасипеш
-
види некои соседни лемови да не ти се споени, интегралците ако не си ги ставал на подножје може да ти се спржени, ако ти си ја цртал плочката види некоја грешка да не имаш со водовите направено...
-
плочката ја правев од твојот фајл кој го прати со тонер трансвер и добро испадна.интегралците се на подножја.не реагираат потенциометрите кои се за подесување нља фреквенцијата.а на излез добивам сигнал со целиотѕ опсег.на кој напон го напојувас ти
-
и мојата плочка не работи,кнап сум со школо,иначе јас ја пробав на 12 волти.
-
Јас миелев дека е пробан проектот.затоа и почнав и јас да го правам.Но на крај резултати нема.дајте сема за несто што работи
-
другар,до сега ја проверував ППК што го дизајнирав и не најдов грешка,значи од моја страна би требало да е ок,е сеа можеби проблемот е во електричната шема.
-
и јас детално ја прегледав плочката и не најдов грешка и не те обвинувам тебе за ништо.три пати ги проверив компонентите дали се сите на своите места и таму не најдов грешка и на крај се одкажав од проектот.сега ако мозе да се најде сема некоја за да ги искористиме интегралците бидејки ги имам 4 на број.ако има некоја сема за мала миксета 2 канална стерео со еден микрофонски влез.за да си правам домасни караоке забави.мислам дека тиа интегрални ке ги биде за миксета
-
абе јас ја правев за проектна задача,ама незнам кај да барам грешка на друго место,едино во шемата да ја прегледа некој од поискусните членови.
-
не сум до толку поткован за тие работи.не знам сам да креирам шема и не знам да и најдам грешка.треба со денови да се експериментира за да се најде грешката
-
Ако не ќе направиме модификација за да работи :)
-
очекувам да ја објавите модификацијата.Ако се тргнесе како што треба проектото ке ми бесе вграден во кола
-
Ќе разгледам денес или најкасно утре ќе напишам што модификации треба (ако треба) и како да се направат без многу преправки.
-
Значи вака, сепак колото работи со симетричен напон, значи пинот 11 од LM324 мора да е на -12V напојување а не на маса (сечете го тој дел од плочката и залемете жица за да пуштите -12V)! За проба можете да ставите две батерии од 9V и да имате +9V и -9V за тестирање (средината каде се поврзани двете батерии да е на маса). Ако вака работи тогаш ќе мора да направите и генераторче на негативен напон (-12V) доколку сакате ова да го користите во автомобил а за дома лесно ќе ставите додатен исправувач за -12V или симетричен трансформатор. Ова не значи дека неможе да се промени шемата да работи и на единечен напон но ќе треба доста измени на шемата и плочката така да за да ги искористите веќе изработените уреди направете како што ви велам и кажете резултати!
-
Имам видено шема со тл071 која работи во автомобил.симетричен напон се добива едноставно со два отпорници со иста вредност поставени редно на напон од 12в-најверојатно се добива +/-6 волти
-
Да, да. Значи вака: Пин 4 од колото се поврзува каде што пишува +6V на подолната шема, пин 11 треба да се поврзи каде што пишува -6V на подолната шема а масата треба да се поврзе каде што пишува Virtual ground на шемата:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=450.0;attach=551)
-
Мислам дека отпорниците се со премала вредност.за да се напојува овој филтер се потребни мали струи максимум 50 мА.еве слика како е решено оваа:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=450.0;attach=553)
-
оваа шемата која ја наведе не е за напојување ..?!
гледај лево погоре напојувањето на операциониот не е симетрично
-
тоа што е со црвено обелезано е истиот степен за виртуелна нула кој го стави борче.Бар јас така мислам ако гресам поправете ме
-
тој на Борче се приклучува на напојување од операциониот, а овај ти што го наведе оди кон не инвертирачки влез, не е исто
-
Колото што го ставив погоре може да се користи за струи до 100mA, можеби е премногу бидејќи свртницата како што рече е влече под 50mA но подобро малку повеќе отколку да падне напонот. Е, сега околу виртуелната нула - јас реков во текстот дека со редизајн на шемата може да се изведен виртуелна нула и со многу поголеми отпорници (дури и со 100К отпорници) но исто реков дека зарати тоа што веќе некои од членовите веќе изработија ППК по шемата дадена на почеток значи се што им останува е да направат ваков надворешен склоп за виртуелна нула. Иначе шемата е универзална и може да се користи и за други уреди кои трошат докај 100mA максимум
-
Сега проверив LM324 максимална струја на напојување му е 3мА.Во шемата се користат 2 интегрирани кола што значи ке ни требаат 6мА максимум.Значи не ни се потребни отпорници со мокност и мозе да бидат заменети со отпорници со поголема вредност.Мислам дека ке успее само сега немам време да го тестирам
Споено мислење: 07.06.2010, Monday, 12:59:12
свртницата не работи и со симетричен напон.се отказувам од проектот.Ке го работам проектот по една чешка њеб странаhttp://chrudim.cz/tuning/interier/in_zesilovac.html
-
друже слободно прајго тој филтер,јас го направив и супер работи.набрзо ке ставам и слики
-
ставај слики