Многу пати е потребно од некој обичен стерео сигнал да извадите посебен сигнал за вашиот активен сабвуфер дома или во автомобилот. На следната шема е прикажана напредна свртница (филтер) наменет за сабвуфер кој ги има следните важни карактерискити:
1. Ги сумира левиот и десниот канал од стерео сигналот;
2. Се подесува максималната фрекфенцијата на работа на сабвуферот (cutoff frequency);
3. Се подесува фазата на сигналот кој доаѓа на сабвуферот (екстремно важно, поготово во автомобил но 90% од шемите што можат да се најдат на интернет го немаат ова подесување);
4. Излезното ниво (Volume) на сабвуферот засебно.
На шемата се употребени две интегрирани кола од типот LM324 кое содржи по 4 средно квалитетни операциски засилувачи но вие можете да користите и поквалитетни како на пример NE5532 (по квалитетни 2 засилувачи во чип) или NN5534 (само еден многу квалитетен засилувач во чип).