Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: aleksandar on 03.03.2013, Sunday, 21:46:48
-
Здраво! Се извинувам ако сум го утнал местото за поставување на оваа тема, но тука ми се чинеше како најсоодветно. Имено, може ли некој да ми посочи некој што печати плочки по нарачка, но не на големо, се работи за една или две плочки максимум 10 Х 5-7 см? Или па некој што знае како, да ги ецува и да предложи цена за тоа. Прашувам бидејќи имам набавено комплет делови за еден проект и сакам да го завршам, а не смеам да се занимавам со хемикалии од здравствени причини. Благодарам многу. :)
-
Имаш ПП...
-
Ај да не отварам нова тема,имам потреба од 100 плочки 6x5цм мислам дека ке бидат,еднослојни.Колку би коштало да ги правам за промена тука кај нас?
-
скапо, јас кога прашував последниот пат ми бараа за изработката 10 денари од пин, кај мене имаше негде околу 250-300 пина, тоа е 3000 денари, значи зборувам за поголема количина и со фабричко производство (барем така ми рече човекот во фабриче некое кај нас се правеле).
За мене тоа е прескапо, ако успееш да ја смалиш плочата 5x5 па и двослојна да е, има сервиси кој прават за мали цени плочи
-
Имам ја,еве најискрено ке збориме цена дефинирана од45 денари на плочка од Кина.Веке три тури се поминати и сум задоволен и од квалитет и од филмување.Ако некој понуди еве приближно тука некаде цена па нека и квалитетот е послаб ја би ги правел тука.Знам дека репрото е поскапо,плочите се поскапи ова она....се ми е јасно.Значи не барам изговори или објаснувања туку понуда.
-
Имам ја,еве најискрено ке збориме цена дефинирана од45 денари на плочка од Кина.
За оваа цена и димензиите кои ги имаш наведено, не верувам дека некој ќе нафати... не се исплати.
-
А да се распрашаш кај овие што работат со сито печат. Сигурен сум дека би добил поволна цена. Само мислам дека кај ситото 0,3mm празен простор помеѓу линиите е максималната прифатлива резолуција или можеби грешам.
-
јас сум разочаран од услугата кај нас, на интернет има сервиси кој даваат 10 плочи за 10$, двослојна со онаа заштитата што им е (зелената, во други блои се наплаќа уште нешто плус)
ги тестираат за прекини (електрично тестирање) пиновите се со тинол и ред други работи..
во план сум сега да направам некоја нарачка па можи ќе има нешто и за членовите на форум :D
-
јас сум разочаран од услугата кај нас, на интернет има сервиси кој даваат 10 плочи за 10$, двослојна со онаа заштитата што им е (зелената, во други блои се наплаќа уште нешто плус)
ги тестираат за прекини (електрично тестирање) пиновите се со тинол и ред други работи..
во план сум сега да направам некоја нарачка па можи ќе има нешто и за членовите на форум :D
Дај линк од страната каде што прават такви плочки и јас да видам да порачам некоја :)
-
http://www.seeedstudio.com/depot/fusion-pcb-service-p-835.html?cPath=185
-
http://www.seeedstudio.com/depot/fusion-pcb-service-p-835.html?cPath=185
Ако имаш до сега порачано некоја плочка, стави некоја слика да видиме како изгледа.
-
немам планирам да нарачам во следниов период, ама од она што гледав на интернет плочите се со супер квалитет
-
Во која програма ќе ја црташ плочката?
-
тоа е проблематичниот дел, има едно упатство како треба да изгледа плочата а да би можела да се печати
http://www.lucadentella.it/2011/10/22/guida-al-servizio-fusion-pcb-di-seeedstudio/?lang=en
Може во секоја програма која ги дава тие гербер фајлови
-
Може во секоја програма која ги дава тие гербер фајлови
Sprint-Layout може да експортира Gerber фајлови ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0319.jpg)
-
Плочките се нарачуваат во гербер формат,мора прецизно да се означени дебелина на водови,лемни точки,растојание помегу два вода ...........има уште доста работи поготово на двослојните.
Јас кажав погоре и не е некоја тајна 100 плочки еднослојни на ептен квалитетен материјал со димензии 6x5 филмувани или како кажа некој со зелена боја поминати....ме коштаат 45 денари од плочка.Овде кај нас изработката на плочки се уште е на повисоко аматерско ниво.Сито или фото на бакарна плочка која без соодветна заштита сама од себе почнува процес на распагање после некое време.Или како ја го викам,склони кон самоубиство....
-
Прво,проблемот е што веке во МК нема производител на витропласт и пертинакс.Порано тоа беше ЕУРОТЕК во Алдинци,Прилепско,кои имаа најсовремена технологија за тоа време,ама паднаа во стечај и ги откупија Словенците.Сега материјал иде од Турција или Бугарија и не е толку квалитетен.Друго,само 100 плочки е крајно непрофитабилно,со било која постапка.Хемикалијата и материјалот за 100 и 500 парчиња во цена се разликува сосема малку,односно цената е несразмерно повисока за 100 парчиња ,а се намалува за 500 парчиња.Значи, за количина под 500 парчиња таа цена од 45 ден. за плочка изработена било со фото-постапка (поскапа варијанта) или со сито ( поефтина варијанта) е нереална.
Бушењето и премачкувањето со зелен стоп-лак е дополнителен трошок,кој би ја кренал цената и до 30%.
-
Затоа за сега плочките ги правиме надвор каде што им е профитабилно.
Друго,оваа димензија на плочка сработена на сито,бушена,филмувана за некој кој зема материјал на големо му испага некаде 38 до 39 денари.
Калкулацијата е ептен точна зашто сами сме ги работеле и цената е оваа и мислам дека е сосема солидна заработка на 100 плочи.Чак и профитабилна.
-
Затоа за сега плочките ги правиме надвор каде што им е профитабилно.
Друго,оваа димензија на плочка сработена на сито,бушена,филмувана за некој кој зема материјал на големо му испага некаде 38 до 39 денари.
Калкулацијата е ептен точна зашто сами сме ги работеле и цената е оваа и мислам дека е сосема солидна заработка на 100 плочи.Чак и профитабилна.
На 100 плочки, ќарот е 100*(45-38)=700 денари. Не одат вака работите кај нас ;D. Кај нас, ако нема голем ќар, не се нафаќаат ;D.
-
Знам,овде сакаат да вложат 1000 денари материјал а да заработат 4000 денари.Сите сакаме така....Затоа наместо да сработат 1000 2000 плочки по некоја разумна цена тие ја губат и таа заработка која оди надвор.Ама пак ке кажам,не ми е воопшто битно колку кошта ова колку она,за колку може тоа за колку не може.Јас цена веке имам,за да ги правам во мкд би платил највише до 10 денари плус.И мислам дека сосем е доволно.
-
Здраво дечки,
потребно ми е (Gerber274x , odb) format на плочка, користам Sprint-Layout
и која програма да ја користам , така ми бараат кинезите и другите фирми кои изработуваат конктетно ми е потребно за плочкава во прилог (http://C:\Documents and Settings\srvdva\Desktop\2.jpg)
-
Дали може да ми ги кажиш точните димензии на плочата, растојание од пин до пин, дебелина на водови големина на дупчиња
димензија (x,y) ќе ти ја нацртам и ќе ти генерирам гербер фајлови
Нешто како ова ти треба или други димензии ?
-
Плочката во оригинал е 5 х3 см ( од дупка до дупка). Тој ја користи само 1/2 плочка ( веројатно за комплетите по ОТП од Скопската фирма на Борче - заборавив како се викаше - нешто со *техна* на крајот беше !! ) 8) Иначе првата,оригиналната верзија беше направена во НТ - Велес пред 25 години равно. Изгледаше вака:
-
Дали може да ми ги кажиш точните димензии на плочата, растојание од пин до пин, дебелина на водови големина на дупчиња
димензија (x,y) ќе ти ја нацртам и ќе ти генерирам гербер фајлови
Нешто како ова ти треба или други димензии ?
Да Devil тие се димензиите, едно слојна без солдермаск, стандард плочка и дебелина
batka тие се тие плочки кои се учевме да лемиме ;D освен тие што не.
-
Еве ти ги гербер фајловите од тоа
можеш да ги гледаш на следниов линк
http://www.gerber-viewer.com
-
Фала девил :D
ова веке ке заврши работа
позз
-
Пошто темава е за плочи, еве нешто пред нова година што правев, а ги има многу, само што овие ми останаа вишок од тестирањата и правени се во три различни кинески компании, плочите се слични со некои мали измени на црвената плоча
(http://i.imgur.com/1NCtUSU.jpg)