Прво,проблемот е што веке во МК нема производител на витропласт и пертинакс.Порано тоа беше ЕУРОТЕК во Алдинци,Прилепско,кои имаа најсовремена технологија за тоа време,ама паднаа во стечај и ги откупија Словенците.Сега материјал иде од Турција или Бугарија и не е толку квалитетен.Друго,само 100 плочки е крајно непрофитабилно,со било која постапка.Хемикалијата и материјалот за 100 и 500 парчиња во цена се разликува сосема малку,односно цената е несразмерно повисока за 100 парчиња ,а се намалува за 500 парчиња.Значи, за количина под 500 парчиња таа цена од 45 ден. за плочка изработена било со фото-постапка (поскапа варијанта) или со сито ( поефтина варијанта) е нереална.
Бушењето и премачкувањето со зелен стоп-лак е дополнителен трошок,кој би ја кренал цената и до 30%.