Вака, од искуство некое што го имам собрано со поправање на вакви мини касетофончиња, би го советувал она што го има посочено batka
. Почни од тоа
. А инаку, во скоро 90% од случаите, ако не е проблем механиката за касетникот, проблемот е во напојувачката секција
. Или нема доволен напон за напојување, или некоја компонента прави пад на напон од адаптерот, или нешто трето. Како и да е, Прво почни од напојувачката секција и мери
. Исто така ознаките на ППК-то би требало да ти помогнат за откривање на проблемот
(ако има такви ознаки, некои радиа имаат ознаки и за напоните во некои точки од колото бидејќи најчесто нема сервисни шеми за вакви прости уредчиња).