Другар, Фотошоп и се е можно.
Ќе пробам да ти објаснам како да си го направиш самиот во Photoshop CS5 (и другите верзии се 90% исти).
Отвори си нов проект и напиши си ги сите информации како посебни text леери. На пр: Взаемни средства 0.26% да биде самостоен леер и така сите останати податоци.
Откако ќе ги напишеш сите, отвори ја сликата и со алатката Clone Stamp избриши ги веќе постоечките податоци. Треба да ти остане само жолтата позадина. Кога ќе ги избришеш сите податоци, со алатката Magic Wand (толеранција 30) селектирај ја жолтата позадина. Додека ти е селектрина оди во менито Image/Adjustements/Levels и смени ја позадината во бела боја. Откако ќе ја смениш позадината во бела боја, почни да си ги редиш текст леерите (од претходниот почнат проект) на истото место како што беа.