Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 19.03.2010, Friday, 16:46:29

Title: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 19.03.2010, Friday, 16:46:29
Што мислите дали може ФМ предавател да се пренамени и да користи како ТВ предавател но само за видео сигналот низ дома (од компјутер до ТВ) ?

Еве како мислам, да му го извадам предзасилувачот за тон инаместо звук да му спроведам видео сигнал во предавателот а пак осцилаторот наместо со 4-5 намотки да го проширам со 8-9 намотки за да иде на пониските фрекфенции (1-4 канал).
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: BorceBT on 19.03.2010, Friday, 19:44:28
Вака, значи ТВ сигналот има и ниски фрекфенции (и до 10Hz) така да на влез каде што треба да дојде аудиото треба да ставиш поголем електролитски кондензатор (барем 10uF/16V) за да може да поминат и тие фрекфенции и синхро импулсите. Друго, мора да се погоди точното ниво на видео сигнал, значи потенциометар на влез за штимање на нивото на модулацијата е морално бидејќи премалку сигнал и нема да има синхронизасија и црна слика а премногу и ќе има бела слика и пак ќе изгуби синхронизација. Така да експерименти и само експерименти и ќе работи.

Аудио: Ова погоре беше нормално само за видео сигналот (композитен видео сигнал). За да има аудио аудиото треба да се модулира на меѓуфрекфенција од 6MHz и после да се измеша со видео сигналот и да се пушти на влез во предавателот. Истото може да се направи со уште еден FM предавател кој ќе зрачи само аудио на 6МHz повисока фрекфенција од таа на која зрачи предавателот за слика така да може да се направи и на тој начин кај вакви мали уреди :)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 19.03.2010, Friday, 21:21:27
супер, фала за помошта, ке пробам па ке пишам што сум направил и ако е се во ред ке има целосно објаснување како да направите ТВ предавател од обичен ФМ предавател :)

Е сега јас планирам со два предаватели, еден за звук и еден за слика а не со еден бидејки така е комплицирано.

Само сакам само уште да те допрашам за три работи:
- Прво дали е добро осцилаторната намотка да биде со 8, 9 или 10 намотки за тие фрекфенции од 60-70MHz ?

- Дали треба да ги наголемам и останатите намотки и ако треба за колку ?

- Порано имав слушнато дека кај еден ТВ предавател ако сигналот односно видеото е со снага 50kW аудиото треба да е 5kW (ова од памет го пишав) па ме интересира дали има некој таков сооднос или нема врска и ако има колку треба да биде ?
Благодарам однапред
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: didy on 19.03.2010, Friday, 21:38:05
ако го зголемиш бројот на намотките на осцилаторот тогаш неговата фрекфенција ќе се намали, а за ТВ имаш потреба од повисоки фрекфенции, нека ти биде водител некое старо “нинтендо“од пазарџиските кој имаат тв модулатор, па ќе ти биде јасно што ти  треба за да функционира.
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 19.03.2010, Friday, 22:08:33
Па со нинтендо имам правено и сум задоволен но проблем е што со таков предавател сигналот од еден крај до друг крај на собата е веќе со снегулки а не знам предавател со толку мал домет дали може да се засили бар да се фати сигналот во сите соби (кај комшиите нека има снег :) ) Па затоа ме заинтересира да го направам предавателот. Е сега кај ТВ фрекфенциите нели има 2 VHF бандови и тоа околу 48 па се до 68MHz и тоа е VHF1 а пак VHF2 e ФМот 88-108MHz а VHF3 е TV од 170-230MHz а после UHF e од 470-860MHz. Е сега мислам дека подобро е на VHF1 одколку на VHF3 за тоа што полесно ми е да направам да емитува на пониските фрекфенции одколку на повисоките а башка пониските фрек. имаат подобри својства при движење низ ходниците  ;)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: BorceBT on 20.03.2010, Saturday, 01:53:59
VHF-2 најдобро ти е и најсигурно. Околу намотките, стави двојно повеќе отколку за ФМ и истиот тример и така тестирај. Среќно.
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 20.03.2010, Saturday, 11:04:48
чек мислиш на VHF 1 (40-60мхЗ) ?
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: BorceBT on 20.03.2010, Saturday, 20:04:50
VHF - 2 канал мислев, ако мислев на другиот VHF ќе напишев VHF-II :)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 20.03.2010, Saturday, 20:34:59
пробав да му дадам сигнал на осцилаторот како што ми кажа и се појави слика ама не е убава, се познава што иде и се гледаат боите ама не е чиста ниту бистра, дали може да се постигне да биде асална или да не пробувам ?
Сликав ама ништо од сликите оти само линии се познава ако сликам од CRT екран
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: BorceBT on 20.03.2010, Saturday, 20:37:27
Одма ставај шема за бубата да видиме кој кондензатор ќе треба да се смени :)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 20.03.2010, Saturday, 20:54:32
Eве го предавателчето но види го само осцилаторот бидејки јас поврзав директ на базата но преку 10uF и кај видео пинот потенциометар од 10K (потенциометарот е безпотребен бидејки малце ако намалам веднаш се изобличува сликата а повеке ако намалам се губи)

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=216.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=216.0)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: BorceBT on 20.03.2010, Saturday, 21:07:09
Кондензаторот од 10nF ја мати сликата но тој мора да е тука за да работи правилно осцилаторот (тоа е цената за едноставноста). Пробај да го намалуваш тој кондензатор на 4.7nF и помалку а сепак да работи предавателот и ќе најдеш идеална комбинација на добра слика и едноставен дизајн.
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 20.03.2010, Saturday, 22:09:24
ке ставам таков па ако работи ке пробам :)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: didy on 20.03.2010, Saturday, 22:41:53
Дали имаш пробано со RF модулатор од видео старо, каде излезот е на 36 Канал по дифолт, снагата е иста но дометот би требало на повисоки фрекфенции да е подалеку, па монтирај и добра антена.
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 20.03.2010, Saturday, 22:43:55
имам и тако нешто но сосем е необележано, не пише ништо на него. Кутивче со 5-6 нозе....
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: didy on 20.03.2010, Saturday, 23:14:48
има напојување 12 волти маса и аудио влез и видео влез, крајните се напојување
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 20.03.2010, Saturday, 23:28:44
Ке зирнам па ке пишам дали сум го направил или сум го "направил" хехе

Дали имаш пробано со RF модулатор од видео старо, каде излезот е на 36 Канал по дифолт, снагата е иста но дометот би требало на повисоки фрекфенции да е подалеку, па монтирај и добра антена.
Е тоа ме интересира за дометот, ако може пиши повеке ? Јас како што имам читано би било обратно бидејки земјата (со влагата во неа) претставува проводник кој ги впива фрекфенциите со кратки бранови должини а помалце фрекфенциите со долеми бранови должини + на ниските фрекфенции има дифракција па така полесно заобилокуваат препреки. Ако сакаш пиши за дометот кај повисоките фрекфенции, може јас погрешно сум сватил и треба да направам update  :)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: didy on 21.03.2010, Sunday, 00:43:23
 ламбда = 2 х Пи х Фрекфенција или клку брановата должина е пократка, фрекфенцијата расте, и на повисоките фрекфенции радиобрановите имаат карактеристика на распростирање како светлина.
Затоа и мобилните со мала снага имаат голем домет, за сите влијае и јоносверата, па и нивното распростирање на земјата. Интересно е за долгите бранови имаат голема ламбда, нините антени се долги и до 30-40 км. најповеќе се користат во руски подморници, и нивни бази на Сибир, сигналот може да се слушне само на одреден радиус, ако си подалеку или поблиску од предавателот го нема сигналот,како домет со камен.
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: BorceBT on 21.03.2010, Sunday, 01:25:21
Не кажав претходно во врска со промена на кондензаторот, има шанса да се промени и фрекфенцијата со намалување на кондензаторот така да ако на прв поглед не работи после промената на кондензаторот провери да не се изместила фрекфенцијата над или под ФМ опсегот.
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: DX-er on 21.03.2010, Sunday, 01:38:11
Го сменив кондензаторот и не приметив некоја разлика во звукот, кога ставив ТВ сигнал видов некое подобрување на сликата што е добро, но пак не можам да постигнам толку бистра слика со таков контраст и живост, не знам дали да продолжам со тестирањето

како домет со камен.
Хехе :)
Иначе во право си, еве сателитите со 80-120W дофрлуваат од 38 000km далечина и покриваат цел континент и пренесуваат еден куп ТВ и радиа ама затоа па се на 10-12GHz ;)
Title: Одг: Пренамена на старо ФМ предавателче
Post by: Bojan on 21.03.2010, Sunday, 20:26:57
Го сменив кондензаторот и не приметив некоја разлика во звукот, кога ставив ТВ сигнал видов некое подобрување на сликата што е добро, но пак не можам да постигнам толку бистра слика со таков контраст и живост, не знам дали да продолжам со тестирањето

како домет со камен.
Хехе :)
Иначе во право си, еве сателитите со 80-120W дофрлуваат од 38 000km далечина и покриваат цел континент и пренесуваат еден куп ТВ и радиа ама затоа па се на 10-12GHz ;)

uplink (од предавател до сателит) 14GHz downlink (од сателит до приемник) 12GHz 8) а за моќност..е тоа незнам