Јас би ти рекол најпрво да ја откачиш хоризонталата, односно откачи го колекторот од транзисторот во хоризонтала...Закачи сијалица на негово место...Види што ке се случува...Провери ги сите електролити во секундарот да не случајно е некој во краток спој, знае често да се случи ваква глупост...Види што се напојува преку тие стабилизатори...тој 5 волтниот треба да е за напојување на процесорот. Пробај одкачи го и тоа напојување, па да видиме што го гори транзисторот...
Џабе, го вратив телевизот неисправен, човекот сакаше да му биде готов за ден два, јас му реков дека не можам да го средам за толку брзо време, ми рече да му го вратам назад :S, тоа е тоа :S.
Во секој слчај, фала за советот
. Ми изгоре еден 2SB892 одкако го заменив стариот, па му ставив еден колкторски отпорник, 10 оми 1/4W, за заштита, да гори он место транзисторот. Ги извадив излезните водови на 7809 и 7805, да не напојуваат ништо, и пак гореше отпорничето за заштита, единствена работа која ми остана да ја испитам беше 15V-ниот rail кој се земаше од колекторот на транзисторот, само што не стигнав да видам кои делови од колото ги напојува тој 15V-ен напон, а човекот си го побара, така да, морав да му го вратам :S.
Сега баш проверив на TV2K и TV3K шемата, 15V-ниот rail напојува два интегрирани аудио засилувачи, така да проблемот може д абил во нив или некој кондензатор за пеглање на напојувањето за нив, ама сега доцна е :S.
Чисто ме копкаше што може да биде, затоа и сакав да ми го остави, дубиозен беше малку кварот, дека акнато од гром беше TV-то, така да можеше се да биде
.