Author Topic: Помогнете му на првиот скопски хаклаб!  (Read 1039 times)

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија. Ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и тоа ќе го земеме. Ако немате ништо зeмаме и пари :)

Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата. Некои од проектите на кои што работиме се и „Сподели знаење“, „Ubuntu прва помош“, програмирање за почетници (Python, Ruby и C), „Сподели кино“ и електроника. Целта на сите овие проекти е да се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува.

Доколку сакате да донирате нешто, кликнете на долунаведениот линк до формата за донации :

Code: [Select]
http://0.mk/formadonacii

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија.
Kaко мислиш трошиме отпорници и остало ?

Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата.
Стави слики да видиме како изгледа технолошката зона
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија.
Kaко мислиш трошиме отпорници и остало ?

Работиме на проекти/уреди/геџети кои што без отпорници не работат

Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата.
Стави слики да видиме како изгледа технолошката зона

Слики може да се најдат на фликр :

Code: [Select]
http://www.flickr.com/photos/spodeliznaenje/

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Помогнете му на првиот скопски хаклаб!
« Reply #3 on 12.02.2011, Saturday, 23:47:47 (Edited 12.02.2011, Saturday, 23:50:52) »
Па доборо, гледај на форумов има повеќе теми отворено од каде да се најдат делови
меѓу повеќето спомнато е дека може да се користат работи од стари уреди
одете по отпади и соберете си плочи :)
има еден тон делови да извадите, рециклирајте малку, јас голем дел од моите проекти ги правам со рециклирани елементи :), штедете малку не мора за секој проект нови делови да користите
ако кондензаторите не чинат на сите плочи и се „исушени“ не значи дека некој отпорник транзистор или пак некое интегрално коло не чини :)
вреди и тоа да го испробате

А и уште нешто
Quote
...Донирај за првиот скопски хаклаб!...
...првата отворена автономна технолошка зона во државата...
??? ???
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ееее на жалост во Скопјето нема такви отпади, се се депонии за ѓубре во кои нема електроника. Ај ке дојдеме во Битола па да не носиш во некој од тие отпади а после ке идеме во Алфа електроника :)
Извинете за оф топикот
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Па доборо, гледај на форумов има повеќе теми отворено од каде да се најдат делови
меѓу повеќето спомнато е дека може да се користат работи од стари уреди
одете по отпади и соберете си плочи :)
има еден тон делови да извадите, рециклирајте малку, јас голем дел од моите проекти ги правам со рециклирани елементи :), штедете малку не мора за секој проект нови делови да користите
ако кондензаторите не чинат на сите плочи и се „исушени“ не значи дека некој отпорник транзистор или пак некое интегрално коло не чини :)
вреди и тоа да го испробате

А и уште нешто
Quote
...Донирај за првиот скопски хаклаб!...
...првата отворена автономна технолошка зона во државата...
??? ???

Верувај тоа секој ден го правиме :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Извинете што упаѓам ,ама нешто не ми е јасно: прво воопшто не верувам во невладини,проекти,слободни здруженија на граѓани... Барате донации,може и пари!? Јас водам една таква *фри* организација која сама себе се финансира и не бараме донации.! Оние што учествуваат во тоа ваше движење и учат ова-она кај вас можат себе си да се финансираат,односно да донираат или да носат спонзори.А,дека сте вие први - не би рекол! Ние одамна работиме на тој принцип:сами бараме делови,вадиме плочи овде-онде,купуваме,продаваме,се надоградуваме... Не сум знаел дека тоа е - хак лаб!! Извинете,не сум циничен ,само не верувам во спонзорства.Секој спонзор бара нешто за возврат,а вие не понудивте ништо.

Не ти го разбирам постот воопшто. Незнам зошто употребуваш „!“-ци. Доколку ти пречи темата/разговорот/тематиката би те замолил учтиво да ја игнорираш :)

Поздрав и секое добро !

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Помогнете му на првиот скопски хаклаб!
« Reply #8 on 13.02.2011, Sunday, 00:53:54 (Edited 13.02.2011, Sunday, 01:25:01) »
Добро,Ве игнорирам!(со извичник) Дури мислам и дека на Форумов не треба да има место за вакви постови.Тоа е само мое мислење(без извичник)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Секој има право на говор на форумов, но тоа мора да се движи во некои рамки
ве молам помалку со офф топици
ако може некој нека им помогне, ако не немора да се расправате..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
денес пројдов од таму,но заборавив дека е четврток,а вие дека сте таму.Видов едно пиратско знаме.Дали тоа е ваше?

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Голема благодарност до GigaWatt за донираниот микроконтролер.

Истиот ќе биде употребен за изградба/хакирање на некој интересен проект.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Голема благодарност до GigaWatt за донираниот микроконтролер.

Истиот ќе биде употребен за изградба/хакирање на некој интересен проект.
A за кој тип на микроконтролер се работи,атмел,пик?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

PIC 18F2550