Author Topic: Полнач за акумулатор  (Read 1023 times)

Offline ivananastasov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
Полнач за акумулатор
« Opened on 24.01.2012, Tuesday, 13:42:25 (Edited 24.01.2012, Tuesday, 16:11:21) »
Како што е наведено во насловот на темата се работи за полнач за акумулатор 10а 12волти и сакам да го искористам за напојување на појачалото за кола. Но кога го врзам појачалото не работи.. А кога го врзам појачалото на акумулаторот работи. Е сега дали може јас да го ставам полначот на акумулаторот да се полни а истовремено да земам струја за појачалото???

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Пунач за акумулатор
« Reply #1 on 24.01.2012, Tuesday, 16:07:51 »
може, тоа е така зашто нема филтерски кондензатор во полначот...и да работи така (само со полначот) нема да можеш ништо да слушнеш од тоа што ке има многу голем брум
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #2 on 24.01.2012, Tuesday, 19:39:13 »
Си мерел ли колкав е напонот кога ке го вклучиш полначот на појачувачот ? Веројатно паѓа,не држи.Затоа постојат посебни кондензатори кои се додаваат и во автомобилите,паралелно на влезот за напон на појачувачите.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #3 on 24.01.2012, Tuesday, 21:08:17 »
Да, најубаво да се додаде филтерски степен, ама и тоа којзнае како ќе функционира.. Пошто ако се работи за автоматски полнач (каков што јас деновиве правам, :) ) тешко дека ќе можеш да напојуваш засилувач, пошто мојов полнач дава правоаголни импулси во зависност од напонот на акумулаторот  ;D ???
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #4 on 29.01.2012, Sunday, 00:21:00 »
10 ампери се малку.... иако постојано ќе биде на полнач, сепак ќе се празни акумулаторот. Види колку амперски е осигурачот на појачалото, толку би требало да е и напојувањето. Инаку може акумулаторот да користи како кондензатор, но нема да е баш ефикасен. за капацитетот на кондензатрот, најдобро е да ставиш онолку илјади микрофаради колку што влече струја појачалото. На пр ако влече 30 ампери, ќе ти требаат 30,000 микрофаради, најмалце.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #5 on 29.01.2012, Sunday, 00:31:50 »
што читав од страната од DOCA вика за секој ампер да се ставало барем по 2 000 uF кондензатори, а со оглед колку го бива човекот за појачала и такви работи, ги го послушал тој совет :)
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #6 on 29.01.2012, Sunday, 19:14:39 (Edited 29.01.2012, Sunday, 19:41:44) »
Постојат специјални кондензатори за таа намена, приближно околу  1фарад  ;D ;D кои се големи колку помала кофа  8) и кои се предвидени да го поддржуваат напонот. Во последно време ги *џиџаат* со некое плаво светло и сл. и се доста украсни  :D :D :D



Еве линк

Code: [Select]
http://m.njuskalo.hr/auto-zvucnici-pojacala/3farad-kondenzator-auto-pojacala-oglas-3117667

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #7 on 03.02.2012, Friday, 17:30:28 »
што читав од страната од DOCA вика за секој ампер да се ставало барем по 2 000 uF кондензатори, а со оглед колку го бива човекот за појачала и такви работи, ги го послушал тој совет :)
зависи од грецот... ако е полубранов 2000 ако е целобранов 1000 по ампер... мада нема да штети и 3-4 пати повеќе да ставиш

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #8 on 03.02.2012, Friday, 18:50:34 (Edited 03.02.2012, Friday, 18:52:38) »
Шо е проблемот со насловот на темата ?!
полнач на акумулатори
Во длот за аудио засилувачи, барем можеше да напишеш полнач на акумулатори како напојување за засилувач, напојување за засилувач од полнач на акумулатори или нешто слично 
оваа тема ќе биде преместена и заклучена.
Авторот на темата да научи правилно да пишува наслови на темите!
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Полнач за акумулатор
« Reply #9 on 03.02.2012, Friday, 18:57:43 »
не само тоа, можел да напише дека бара помош а не вака за да секој си рече дека нуди помош за полначи... џабе ги штреца лугето вака :D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.