Нема AUX IN , но имаше касетофон и го извадив касетофонот и дали ако поврзам на тие 2 места ќе ми работи ? :/
Како што рече MarkoMK, најверојатно ќе треба преправки да правиш. Ќе треба да се извади предзасилувачот со демодулаторот за сигналот запишан на магнетната лента (најчесто се во едно IC и двата уреди) и да се донесе сигнал на излезот од IC-то, односно линеарниот сигнал од телефонот да се донесе на линеарниот влез за Tape-от. Симни од IC-то datasheet, види распоред на пинови, на нив сигурно некаде ќе пишува R-Out, L-Out, GND. Епа тие водови треба да ги прекинеш и на нивно место да доведеш сигнал од телефонот. Не мора да се вади IC-то, доволно е само да се прекинат водовите.