Author Topic: Термоелектричен нож за стиропор  (Read 2262 times)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Здраво, ми треба шема за термоелектричен нож за стиропор и од каде може да се набави  таа челичната жица и колку пари е од метро.

Фала однапред.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
за жица најчесто користат кантал од греачи, незнам кај се набавува, гига ако види ова нека пиши, тој правеше некој греачи

направи PWM контрола, мислам дека со неа би можел лесно да ја контролираш топлината
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Јас многу одамна имав направено но со тоа знаење тогаш не можев да направам нешто многу па затоа немаше ни контрола на темн. ни ништо. Користев цекас жица (ја вадев од фенови и такви некој апарати) и беше поврзана директно на краевите од секундарот.
EDIT: Трафото грееше, грееше и прегоре  ;D  ;D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Во Народна Техника уште порано имавме направено десетина вакви режачи на стиропор.Имавме едно решение,интересно ,каде се користеше стар рам за резбање шперплоча.Ке импровизирам малку и ке се обидам да нацртам како изгледаа.Основата  е дрво или иверка со димензии 50 х 30 см. Трафото беше 12В 1А од турски ѕвона за  на вратаГрејна жица беше вадена од стари жичани отпорници извадени од старата телефонска централа која ја сменија со дигитална .Таа отпорна жица беше дебела само 0,15 мм и беше одлична за работа.Се ставаше околу 30 см.грејна жица.Затегни ја добро жицата и гледај да не ја држиш усвитена подолго од неколку минути.иначе ке се скине.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
за жица најчесто користат кантал од греачи, незнам кај се набавува, гига ако види ова нека пиши, тој правеше некој греачи

направи PWM контрола, мислам дека со неа би можел лесно да ја контролираш топлината

Најлесно може жица да најдеш од оние греачите што се за собни печки (со кварцни цевки).

Истотака, овде PWM контрола ништо нема да направи, затоа што односот на напон според топлина не е воопшто пропорционален туку зависи од логаритамска скала. Доколку сакаш *колку-толку* контрола би можел да ставиш регулатор на струја што протекува низ *грејачот*

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не треба никаква контрола само мери отприлика за колку време се грее жицата и колку време ке помине додека прегрее и пукне.Во секој случај барајте потенка грејна жица, а добро време за работа би било околу минута-две,па малку одмор  :D и се така додека не го изрежете целиот замислен предмет.Во секој случај треба да бидете стрпливи,а ако ставите многу дебела жица или нема да грее доволно или ке го прегори трафото.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
ја имаф жица оптегнато меѓу два федери и на трафо директно 90 вати 12волти во моментот ми заврши работа, зависи за што ти треба инаку жицата пожелно е да е кантал, ради пред се физичките особини, инаку треба да грее до усвитување, инаку ќе се збира пластиката на неа.

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
И да не е усвитена ке го сече стиропорот и нема да се лепи на жицата, но сепак треба да биде доволно загреана  :)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Фала ви на сите, сепак прво ке го почекам shadow да ги стави проектот од емитер.

stefanjanevski

  • Guest
Здраво, ми треба шема за термоелектричен нож за стиропор и од каде може да се набави  таа челичната жица и колку пари е од метро.

Фала однапред.

Јас почнав да ја правам, ама ми здосади зашто немав трафо. Ако сакаш ќе ти ја дадам плочката. Треба само некој делови да се долемат.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Термоелектричен нож за стиропор
« Reply #10 on 09.10.2011, Sunday, 12:12:17 (Edited 09.10.2011, Sunday, 15:09:49) »
Ова што го бараш го имаме изработено на работа пред повеќе од 2 год. за професионална употреба значи секојдневно се користи и доста е ефикасно, за жица за сечење  се користи кантал а во склопот мораш да имаш и трафо кое на секундар ќе ти дава не повеќе од 50 V AC заради безбедност ние регулацијата ја изведовме на следниот начин на влез (примар) пред трафото поставивме потенциометар за светилка (купен со снага од околу 600W) преку кој оди фазата, пред него има еден прекинувач за вклучување и исклучување на трафото од напон и тоа е тоа поставено е на метална подлога врз која е поставено дрвена плоча а изолацијата помеѓу канталот и металната површина е направена со бакелит и метални федерчиња кои ќе имаат функција да го држат канталот оптегнат (затоа што кога ќе се загрее се шири) доводот до канталот од секундар на трафо е со жици со дебелина од 6мм. а на примар е доволно и 1,5 мм .
слики не можам да поставам затоа што е поставено во фабрика која не дозволува сликање и поставување слики од неа по форуми .

stefanjanevski

  • Guest
Јас почнав еден таков да правам, ама не можев трафо да најдам па се откажав. И затоа пишав ако сака ќе му ја дадам плочката за контрола на температурата на жицата.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
а напојување од компјутер да си земевте едно, тоа ке ви даде доволно струја, јас така користев едно време, сега ако сакате жицата да ви биде 2 метра тогаш нема да може со толку мал напон да ја загревате...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Eве една шема што најдов на нет

Почнав и јас да правам термоелектричен нож,колото е готово,а кантал жицата ја извадив од еден стар отпорник ;D

П.С на тријакот замена му е BT137,ако не можете да го најдете 2N6348 ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Фала stefan немора плочката, ако можи шемата да ја постираш ако уште ја имаш. А malecko склопот кој ти го правиш според шемата која ја кладе дали е испробан и дали работи како шо треба ( да не се кини жицата од преголема температура или слично ... ). Фала