Добра работа,само пази кога ке работиш со дувалката-прво започни од помала температура па зголемувај ја постепено.
Ова е ЕКСТРЕМНО ВАЖНО, особено кај овие Кинеските. Проблемот е темературата на оклопот околу греачот, оклопот не може толку брзо да ја следи промената на греачот (не се загрева толку брзо), па греачот треба повеќе да грее за да може да ја постигне подесената температура. Јас од тие причини изгорев греач на една рачка (додека научиш, ќе се зезнеш неколку пати
), па морав цела нова рачка да купувам (тогаш немаше да се купат посебно греачи со 5 жици, две за термопарот, две за греачот и една за маса, имаше само со 3, две за греачот и една за маса). Затоа, почнувајте од најниската температура (на мојата станица, таа е 100 степени) и полека зголемувајте, по 2, 3 или 4 степени на една секунда.
Исто така, ставете ја јачината на дување на лемната станица на минимум или на 1, евенуално 1.5, повеќе од тоа не е потребно. Со поголем проток на воздух, само може да го оштетите греачот, а и плочката од која пробувате да ги одлемите компонентите (ми се има случено да направам дупка на виропласт плочка при температура од 400 степени и проток на воздух подесен на 6, пазете, навистина се прават дупки низ материјали при високи температури и протоци на воздух).
Немој да избрзуваш, оти да земаш вакво нешто ?
во смисла на тоа оти да е и со обична и со фен заедно, ова кошта 8100 денари комплет, за 5000 ја има истата таа (ок ај не иста, ама со исти можности) како фен (без обично лемило), а лемило со регулација има за уште 1000-1500 денари, со што ти би заштедил 2000 денари, кој и не се така малку пари, за нив би си зел некој квалитетен мултиметар и нешто додатен алат
Се сложувам со оваа констатација на Devil, но не поради цената, туку поради тоа што навистина е практично да се одделни обичната лемна станица и SMD лемната станица
.