па смачено ми е веќе од правење стабилизатори....сега овој ке го правам прекинувачки стабилизатор со струјна и напонска регулација, па и на него ако му фали нешто се одкажувам од стабилизатори и преминувам на поврзување на 1,5Vни батерии во серија за да добијам напон колку што сакам
хахахаахаххааха
... многу брзо се откажуваш
. Стабилизаторот ти треба само за да испиташ дали некој уред работи правилно или не (без разлика дали е некој расипан уред или некој лично твој дизајниран, или според некоја шема итн.). Не е наменет за перманентно напојување на уреди... барем јас така ја сваќам функцијата на стабилизаторот, јас така го коистам мојот стабилизатор, само за привремено напојување на уреди, колку да видам дали работат, ако работат како што треба, им правам посебно напојување и крај
.
Значи, на пример правам некоја засилувач, еве нека биде некој моќен засилувач (чисто како пример, само за да демонстрирам дека не мора да имате стабилизиран извор за напојување кој може да даде многу голем напон и многу голема струја). Исто така, на пример, имам стабилизиран извор за напојување кој може да даде +-40V напон и струја од околу 2A. Е сега, ако засилувачот е со моќност од, на пример, 300W, значи дека за правилно да работи ќе му теба напон од околу минимум +-60, 70V, и ќе повлекува бааги струја, но тоа не значи дека нема да работи и на +-40V. Да, напонот ќе паѓа зашто ќе повлекува повеќе струја засилувачот, но колку да видам само дали работи доволно ќе му бидат и 2A струја, ќе му ја регулирам јачината на влезниот сигнал за да не повлекува многу струја и готово
(да видам дали правилно работи, дали има изобличување на сигналот, колку греат компонентите, итн.), па после јас ќе си дизајнирам посебно напојување за засилувачот
.
Поентата ми беше дека не е потребно моќен стабилизиран извор за напојување да имате, некој и кој може да даде околу +30V и 2-3A струја е повеќе од доволно
. Во повеќето случаи со кои ќе се соочите, нема да имате потреба од помоќен стабилизиран извор за напојување
.