Со Avalanche е означен начинот на пробивање на диодата. Лавинскиот пробив најчесто настанува кај обичните диоди кога ќе „изгорат“ и кај обичните диоди овој пробив е иреверзибилен (ако се пробие диодата во обратна насока, не се враќа во првобитната состојба, диодата е изгорена). Диодите со лавински пробив се враќаат назад во првобитната состојба, односно повторно се исправни (откако ќе бидат пробиени). Инаку U-I кривата на зависност на диодите со лавински пробив е многу слична на зенер диодите, но зенеровиот пробив се разликува од лавинскиот пробив.
Искрен да бидам, до сега не сум сретнал диода со лавински пробив, а дали воопшто ги има да се купат во Скопје, не знам.
Околу скршениот екран, се сложувам со SaleSK. Немам толку долго временско искуство во сервисирање како него, но не верувам дека може да се скрши екран од превисок напон за напојување на високонапонското трафо. Можеби може, ама од дупло или тројно повисок напон, не од малку повисок (барем не верувам дека е можно).