Поентата ми е како да дојдеме до брзо дијагностицирање на оштетеноста на ТВ а притоа да не губиме време за поправка на мрежниот степен кој при средба со гром најчесто е настрадан.
Ако станува збор за телевизор со еден или два MCU (најчесто видео и PAL процесор, или уште почесто, во поновите модели All-In-One чипови), може прилично лесно да се испита дали е исправно MCU-то. Едноставно му се носи +5V до него од стабилизиран озвор за напојување (притоа се прекинува линијата од +5V од напојувачката секција до MCU-то, со цел да се изолира се останато што се напојува од +5V од напојувачката секција, при што претпоставувам дека во конкретниот случај напојувачката секција е целосно или делумно зезната). Ако реагира MCU-то на далечински команди (на пример, Turn On на телевизорот, но не може да се пушти бидејќи ги нема другите напони, но пробува да го пушти телевизорот, односно, на пример, се гаси диодата за Stand By, што автоматски значи дека сака телевизорот да изреагира, односно да се пушти во работа), во принцип, може да се смета дека MCU-то е исправно, а и софтверот кој е потребен за негова правилна работа. Мислам дека најпросто е едноставно на линијата од +5V да се отсече (јас ова би го извел преку вадење на филтерскиот калем) од напојувачката секција и да и се даде екстерен напон од +5V.
За постари телевизори кои имаат повеќе MCU-а (Teletext, PAL, Video...), можно е ситуацијата да биде малку покомплицирана :S. На пример, можно е да е изгорен само еден MCU, а целиот телевизор да не работи бидејќи често овие кола комуницраат едни со други преку I2C или некој друг вид на bus, така да, ако главниот одговорен процесор не прими сигнал од сите MCU-а, нема да може да се пушти телевизорот, иако (на пример) изгорен е само Teletext процесорот, без кој телевизорот може да работи, но не и да има Teletext, што и онака во денешно време ретко кој ја користи таа функција. Во овие ситуации, барем според мене, нема друга опција освен да се прогласи шасијата за „мртва“ бидејќи дијагностиките методи и опрема кои се потребни за испитување на исправноста на секое од MCU-ата се комлицирани и временски и финансиски неисплатливи :S.
ПС: Сега го прочитав post-от на SaleSK. Идејата за универзална мрежа е одлична
. Патем, кај може да се купи ваква мрежа?
Дали универзалната мрежа со повеќе напони, нејзините изводи се врзуваат на анодите од диодите во секундарниот дел и притоа е изваден мрежниот трансформатор или на друг начин ?
Да, најверојатно така се врзува
. Во принцип, се изолира цела примарна и секундарна страна од напојувачката секција на телевизорот и се остава да работи само на ова „универзално“ напојување за телевизори
.
ППС: Интересна е темава за дискусија, ќе ја pin-увам
.