Author Topic: Помош за дизајн на subwoofer кутија за во кола со звучник Sony 10" XS-L10S  (Read 2966 times)

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Помош за дизајн на subwoofer кутија за во кола со звучник Sony 10" XS-L10S
« Opened on 14.05.2012, Monday, 02:57:03 (Edited 14.05.2012, Monday, 03:28:55) »
Може малку помош.. сакам за овој вуфер да направам кутија еве еден PDF фаел во него ги пишува сите информации  :)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
За појачало до 100 вати направи компресиона кутија од 16,1 литар, како табелата за XS-L10S, горе (Sealed Type). Дебелината на иверицата не мора да е 19 мм,може 18 мм или 16мм,ништо не мења у другите димензии.
Ако појачалото ти е 200 вати, онда направи басрефлекс кутија од 25,5 литри како табелата за XS-L12S, доле (Ported Type).Цефката треба да е со ф=75мм (Е у табелата) а дужината треба да биде 350 мм (F у табелата).

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
аха благодарам маки ама ако може малку по детално да ми објасниш за димензиите значи мене ми треба димензии на широчина и должина  :) :)

Споено мислење: 14.05.2012, Monday, 22:39:18
и ако може некој да ми даде за овој woofer некоја скретница  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Маки малку ги збуни работите,ама за појаснување ти бараш помош за 10 инчен звучник Sony XS-L10S.Бидејки не наведе со колку јак засилувач ке го напојуваш вуферот,ти препорачувам тоа да не биде над 100W бидејки,сепак не се работи за врвен бас.За 2000 ден од АМЦ сепак добиваш  просечен,никако врвен бас звучник,па не вложувај и не очекувај премногу.Еве мој предлог за кутија и свртница.Бас рефлекс отворот е 76 мм без цевка,а внатре обложи ги страниците со пресуван тервол 2-3 см зависи како ке те бендиса звукот.Ако се одлучиш за ова опција ,пиши како те бендисува.Мој предлог е да направиш активен вуфер со активна свртница и некое појачалце со инвертер на 12 V.

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Батка фала ти многу за оваа работа што сакаш тоа добиваш од мене  :) само да те прашам како да направам 2,8mH или од каде да најдам  :) инаку ке го приклучам на појачало за во кола Kenwood 500W

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Пиши кој модел е kenwood-от?јас во колата имам kenwood kac-6404 со евтин вуфер во цилиндрична кутија и сум прилично задоволен.Го имам пробано истиот засилувач со 12 инчен кеnwood вуфер и даде далеку подобри резултати.
rules are made to be broken

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
супер засилувач. слични карактеристики како и мојот.имаш 120 вати во мостна врска доволно за добар бас во кола
rules are made to be broken

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
аха благодарам маки ама ако може малку по детално да ми објасниш за димензиите значи мене ми треба димензии на широчина и должина  :) :)

Споено мислење: [time]14 Мај 2012, 21:39:18[/time]
и ако може некој да ми даде за овој woofer некоја скретница  :)

Димензиите ги имаш у .pdf фалот што ти го постираше,погледни го цртежот,надворешната ширина на кутијата у милиметри е означена со А, висината е означена со B,дубината со C, а дебелината на иверицата со D. Што не ти е јасно???  ??? ???   У табелите ти се дадени сите димензии у милиметри,а у заградите се у инчи. подобри квалитет на звук имаш со компресиона кутија од 16,1 литар (како за XS-L10S, горната табела и слика),а погласни басови имаш со бас рефлекс кутија од 25,5 литри (како за XS-L12S,  долната слика и табела). Појачалото е снажно,па можда подобри избор е бас рефлекс кутија.

Не ти треба посебна скретница,појачалото Kenwood KAC-749 си има уградена скретница,прекидачот Filter стави го на LPF.

Споено мислење: [time]15 Мај 2012, 14:06:36[/time]
Батка фала ти многу за оваа работа што сакаш тоа добиваш од мене  :) само да те прашам како да направам 2,8mH или од каде да најдам  :) инаку ке го приклучам на засилувач за во кола Kenwood 500W
Не ти треба ваква скретница,Кенвудот има уградена активна скретница у него.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Податоци за број на навивки на калемот(ако ти затреба),За 2,8 mH -бројот е некаде околу 250 намотки,другите податоци за калемот во табелата

Споено мислење: 15.05.2012, Tuesday, 15:58:34
Вака отприлика изгледа

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Маки малку ги збуни работите,ама за појаснување ти бараш помош за 10 инчен звучник Sony XS-L10S.Бидејки не наведе со колку јак засилувач ке го напојуваш вуферот,ти препорачувам тоа да не биде над 100W бидејки,сепак не се работи за врвен бас.За 2000 ден од АМЦ сепак добиваш  просечен,никако врвен бас звучник,па не вложувај и не очекувај премногу.Еве мој предлог за кутија и свртница.Бас рефлекс отворот е 76 мм без цевка,а внатре обложи ги страниците со пресуван тервол 2-3 см зависи како ке те бендиса звукот.Ако се одлучиш за ова опција ,пиши како те бендисува.Мој предлог е да направиш активен вуфер со активна свртница и некое појачалце со инвертер на 12 V.

borisq10, не го слушај batka,ќе погрешиш! Кутијата од batka резонира на 73 Hz и нема никакви дубоки басови,нема ништо испод 50Hz, има само пренагласени високи басови у околината на 73 Hz.

@batka: нема далеку да стигнеш со слепо копирање туѓи звучни кутии,без да разбереш зашто така некој ја направил. Прочитај го мојот текст „Како правилно се прават звучни кутии“,таму све е објаснето.
Твојов нацрт за кутија е уствари за високоефикасен звучник што има повисока сопствена резонантна фрекфенција fs,па онда таман му е73 Hz резонантна фрекфенција на бас рефлекс кутијата fb. Вуферите за кола имаа многу пониска сопствена резонантна фрекфенција fs,па им треба ниска бас рефлекс резонација на кутијата fb.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Знаеш што Маки - подобро да си останеш во дувлото! На човеков му *предложи* две *твои* кутии ,ама едната беше за 10,а другата за 12 инчен бас.И уште бас рефлекс да ја направел!? Ти не ги ни читаш твоите постови.За случајно го имам кај себе овој *фамозен* бас СОНИ ,купен од еден комшија,од АМЦ за 2000 ден.И *случајно* е ставен во таа кутија * што сум ја копирал* и со таа свртница што *случајно* сум ја пробал и нешто како свирела.И случајно имам слика од *некоја* си  таму кутија,ама со друг звучник.А ти???
Не видовме ништо,ама баш ништо конкретно!! Само некој си твои теории.Да не бараш уште мајстори за иверка?? Или нема таков во МКД? Јас само давам предлог,никого со сила не терам да ја направи кутијата.А ти барем еднаш не се појавувај со тие твои фамозни теории за заговор против звучните кутии.Дај направи нешто еднаш да видиме од тебе!!!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Знаеш што Маки - подобро да си останеш во дувлото!

Го молам администраторот да го казни со опомена batka, според Правилата на форумот:
4.8. Вашите коментари не смеат да бидат нападни, дрски, вулгарни, цинични, арогантни. Исто така, не е дозволено индиректно користење на горенаведените стилски фигури и епитети.

На човеков му *предложи* две *твои* кутии ,ама едната беше за 10,а другата за 12 инчен бас.И уште бас рефлекс да ја направел!?

У грешка си,другата кутија не мора да е за 12 инчен бас - у цртежот нема димензија на кружниот отвор за звучникот, а надворешните димензиите (и волуменот) таман одговараат за овој конкретен 10 инчен бас.
А зашто да не ја направи бас рефлекс,па и ти му предложуваш исто?

Не видовме ништо,ама баш ништо конкретно!! Само некој си твои теории.

Теориите не се мои, него на Thiel и Small.Финтата е у тоа што тие теории се докажани у пракса.

Да не бараш уште мајстори за иверка?? Или нема таков во МКД?

 ??? Не сум барал мајстор за иверица,мајсторот што ми ги направи кутиите одамна го знам.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Батка, имаш предупредување да престанеш со таков начин на навреди, правилата си се правила!

Или намалете со караниците или и оваа тема ќе заврши како повеќето други, ќе биде заклучена.
Држете се до форумската култура и не предизвикувајте караници, за караници и слично користете email приватни пораки или некој чет клиенти.

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
borisq10 остави ги нашиве муабети и види што ти одговара тебе.Ке ми биде мило ако го прифатиш предлогот и ја направиш ова кутија,па ги објавиш твоите впечатоци на Форумот. Ништо повеке од тоа.
П:С. Басов лично не ме бендисува,ама е релативно ефтин и прифатлив за таа намена.