Може да го искористиш TDA7297 (2 X 15W). Шемата е од datasheet, така да, можно е да треба да се направат мали модификации, но ништо пресериозно, најверојатно филтерска секција ќе треба да се додаде на напојувањето ако планираш да го користиш додека е пуштен скутерот.
Исто така може да искористиш и некое друго интегрирано коло, на пример TDA7266B (2 X 10W) или TDA8946AJ (2 X 15W). Шемите се многу слични, се разликуваат само некои ситни компоненти, како на пример standby и mute функциите и нивните компоненти, но податоците за нивна пресметка се дадени во datasheet-овите. Се разбира, и цените им се разликуваат. Мислам дека најевтина варијатнта ќе биде засилувачот со TDA7297, но сепак, треба да се разгледаат цените и на останатите итегрирани кола. Моја лична препорака е да не правиш засилувач од 2 X 15W туку од 2 X 10W бидејќи и 2 X 10W е прилично голема моќност, можно е да го испразниш акумулаторот за кратко време. Би ти препорачал да го градиш засилувачот со TDA7266B. Шемата е иста како и за TDA7297, само излезната моќност се разликува.