Можно е да купил некој поевтин логаритамски потенциометар или некој од контактите на потенциометарот да не фаќаат како ѓто треба на лизгачката површина.
Инаку сигнал трасер е уредче кое има една сонда за „пратење“ на сигналот (музиката, тест тон, што и да е) низ колото и со помош на него, можеш да видиш каде е дефектот во уредот. Конекторите со кои се врзува за уредот кој е во дефект се маса (најлесто изведено со малечка крокодилск штипка) и со сондата го „следиш патот“ по кој аудио сигналот се „движи“. На пример, некој засилувач внесува изобличување на аудио сигналот на неговиот влез, арно ама не знаеш каде е проблемот. Го поврзуваш сигнал трасерот за засилувачот, ги поврзуваш слушалките за сигнал трасерот (увото ти е индикација за местото на дефектот) и го „следиш“ аудио сигналот со сондата од почетокот (влезот) до крајот (излезот) на засилувачот. Во моментот кога сигналот ќе помине низ определена компонента и почне да се избличува, а пред таа компонента сигналот бил неизобличен, значи проблемот лежи во таа компонента (компонентата која е пред местоположбата на сондата на сигнал трасерот).
Шеми за сигнал трасери имаш еден тон, од наједноставни (само сигнал трасер) до најкомлицирани (заедно со тон генератор или таканаречен „сигнал инџектор“). Конкретно во Емитер памтам дека имаше една шема за сигнал трасер заедно со сигнал инџектор, ама не ми текнува во кој број беше шемата, мада искрено да ти кажам градбата на сигнал инџекторот е непотребна, може да искористи и тон генератор или обичен MP3/CD плеер. Дури е и препорачливо да се користат полихармонски извори на сигнал (како што е музичкиот сигнал) за да може полесно да се забележат определени хармонски изобличувања на излезниот сигнал кои се внесуваат само при определени хармоници на влезниот сигнал кај некои типови на „кварови“ на засилувачите (како на пример нелинеарна преносна карактеристика влез/излез).