Треба да се измерат кондензаторите. Не секогаш подујуваат кондензаторите, може и да се суви, а да не се подуени.
И тоа што го спомна Сале, и тоа е исто така можно. Треба да се измерат некои работи во секцијата со инверторот.
Најдобар начин за да провериш дали воопшто работи екранот, односно дали само неонките се гасат, а всушност има слика, е ако екранот го поставиш под јако свело (легнат, над него некое неонско или обично светло, но да свети директно во него). Ако гледаш дека се гладаат бледо икони, Desktop, ова она, значи само неонките не работат. Ако не се гледа ништо, можно е да има и некој друг проблем освен неонското осветлување.